Свет

Пекинг: Арогантно е Тајван да се нарекува држава

„Арогантно и игнорантно“ е Тајван да се нарекува држава, реагира Министерство за надворешни работи на Кна по изјавата на министерот за надворешни работи на Тајван,  Лин Чиа-лунг, кој вчера изјави дека Кина нема овластување да одлучува дали Тајван е држава, пренесе Ројтерс. Тој додаде дека со задоволство би се ракувал со својот кинески колега Ванг […]

„Арогантно и игнорантно“ е Тајван да се нарекува држава, реагира Министерство за надворешни работи на Кна по изјавата на министерот за надворешни работи на Тајван,  Лин Чиа-лунг, кој вчера изјави дека Кина нема овластување да одлучува дали Тајван е држава, пренесе Ројтерс.

Тој додаде дека со задоволство би се ракувал со својот кинески колега Ванг Ји во знак на пријателство.

Од Пекинг велат дека за иднината на Островот може да ја одлучат само 1,4 милијарди жители на Кина.

Кина го смета Тајван за своја територија и вели дека островот е една од нејзините провинции без право да се нарекува држава.

Таа го засили воениот и политичкиот притисок за да ги потврди тие тврдења, вклучително и зголемување на интензитетот на воените игри.

Најнови вести од: Свет

Аларм: Сегашната криза со нафта е посериозна од кризите во 1973, 1979 и во 2022 година заедно

Како реакција на нападите од Израел и САД, Иран од 28 февруари речиси целосно го блокира сообраќајот во Ормускиот Теснец, низ кој нормално минуваат речиси 20 проценти од светската нафта и гас, што предизвика ненадејно зголемување на цените на енергијата.

Ужас во Истанбул: маж со месарски нож си го пресече гркланот среде бел ден, пред очите на шокираните минувачи! (Видео)

Драматичен инцидент се случи во населбата Фатих во Истанбул, кога непознат маж зграпчил месарски нож од киоск на брегот и си нанел тешки повреди, пресекувајќи го гркланот пред очите на минувачите. Мажот на пристаништето Сиркеџи викал дека е „Махди“ и си ги нанел тешки повреди пред очите на минувачите.

Спроти завршувањето на рокот Иран да го отвори Хормускиот теснец и можното негово масовно бомбардирање драматична објава на Трамп: Целата цивилизација ќе умре вечерва!

„Целата цивилизација ќе умре вечерва, за да не се врати никогаш повеќе. Не сакам тоа да се случи, но веројатно ќе се случи.“ – порача предмалку претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп во драматичната и невообичаена објава на својата општествена мрежа „Општествена вистина“ („Truth Social“ ). Оваа заканувачка објава американскиот претседател ја изнесе денес, пред истекот на крајниот рок до 20 часот, што им го постави на иранските лидери да ја прекинат блокадата на Хормускиот теснец и да го отворат за минување на танкери со нафта, за да, како што рече, „не им се урне врз главата пеколот“.

Трамп бара одговор што не доаѓа: Зошто Иран се уште не падна на колена?

Вечерва, кога рокот ќе истече, светот конечно ќе дознае што се случува кога на тоа прашање сѐ уште нема одговор – и дали таа тишина ќе донесе примирје, ново одлагање, привидна победа или, пак, најжестокиот удар досега.

To top