Свет

Пленковиќ: Има политичка волја за проширување на ЕУ – Црна Гора е на чело

Хрватскиот премиер оцени дека, доколку земјите-кандидатки се технички подготвени, би можеле да имаат политичка одлука за некои дури и пред 2030 година

Хрватскиот премиер оцени дека, доколку земјите-кандидатки се технички подготвени, би можеле да имаат политичка одлука за некои дури и пред 2030 година

 

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ вчера во Загреб оцени дека сегашната Европска комисија (ЕК), за разлика од претходните, има вистинска политичка волја за проширување на Европската унија (ЕУ), прнесуваат медиуми

„Во мандатот на Европската комисија предводена од Урсула фон дер Лајен, постои политичка волја за проширување на ЕУ, Украина и Молдавија, како и на земјите од Западен Балкан, меѓу кои Црна Гора е предводник во тој процес“, рече Пленковиќ во Загреб.

Премиерот повтори дека Хрватска ќе продолжи да се залага за проширување на ЕУ кон земјите од Југоисточна Европа, особено Босна и Херцеговина (БиХ).

Тој оцени дека, доколку земјите-кандидатки се технички подготвени, би можеле да имаат политичка одлука за некои дури и пред 2030 година.

Најнови вести од: Свет

Бивш амбасадор на САД: Војната со Иран е стратешка грешка од историски размери

Иво Далдер нагласи дека изјавите на Трамп, во кои тој објавува дека САД можеби нема да ги бранат сојузниците од идна воена агресија од страна на Русија или други противници, ја дестабилизираа алијансата и го потресоа глобалниот поредок

Најнови вести

To top