Свет

Политико: Путин побарал насамо да се види со Зеленски

Трамп не мора да доаѓа

Рускиот претседател Владимир Путин му рекол на американскиот претседател Доналд Трамп дека сака да се види насамо на средба со украинскиот претседател Володоир Зеленски, објави Политико.

Повикувајќи се на извор во администрацијата на Трамп, медиумот објави нови детали од телефонскиот разговор меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин синоќа. Трамп направи пауза на состанокот со Зеленски и со европските лидери за да одржи телефонски разговор со Путин.

Според тој извор, рускиот лидер побарал неговата средба со Зеленски да се одржи еден на еден, без присуство на Трамп.

– Кога Трамп го поканил и му понудил да се сретне со него и со Зеленски, Путин одговорил: „Не мора да доаѓаш, сакам да го видам еден на еден – вели изворот на Политико.

Тимот на Трамп, според изворот, веднаш почнал да работи на тоа, а посебната задача за подготовка на сè му била дадена на советникот на Трамп, Стив Виткоф.

Досега и Трамп и Зеленски изразија подготвеност за трилатерален состанок, но Путин сè уште официјално не го објави тоа. Европските лидери бараат четиристран состанок, односно и претставник на Европа да учествува во  разговорите со Путин.

Најнови вести од: Свет

Меѓусоседски спор не може да биде пречка за влез во Унијата

Австрија, Чешка и Словачка, во заеднички неофицијален документ (нон-пејпер) го посочија спорот меѓу Хрватска и Црна Гора како пример за билатерално прашање што го забавува пристапниот процес на кандидатите за членство

To top