Свет

Поранешен кинески министер осуден на доживотен затвор поради корупција – „лапнал“ 19,8 милиони долари

Поранешниот кинески министер за правда Танг Јижонг осуден е на доживотен затвор поради корупција, јави Кинеската централна телевизија. Судот во Сјамен, во југоисточната провинција Фуџијан, го прогласи Танг за виновен за нелегално стекнување средства во вредност од повеќе од 137 милиони јуани (19,71 милиони долари) во периодот од 2006 до 2022 година и тргување со […]

Поранешниот кинески министер за правда Танг Јижонг осуден е на доживотен затвор поради корупција, јави Кинеската централна телевизија. Судот во Сјамен, во југоисточната провинција Фуџијан, го прогласи Танг за виновен за нелегално стекнување средства во вредност од повеќе од 137 милиони јуани (19,71 милиони долари) во периодот од 2006 до 2022 година и тргување со влијание.

Истрагата против него почна во април 2024 година под сомнение за сериозни прекршувања на дисциплината и законот – термин што најчесто се користи за корупција. Танг беше исклучен од Кинеската комунистичка партија.

Пресудата против Танг е дел од големата антикорупциска кампања покрената од кинескиот претседател Ши Ѓинпинг, при што изминатите недели приведени се повеќе функционери. (МИА)

Најнови вести од: Свет

„Политико“: Црна Гора и Исланд можат заедно во ЕУ, која отвара нова сцена за проширувањето

Исланд и Црна Гора би можеле истовремено да станат членки на Европската Унија, доколку Исланѓаните на референдумот на 29 август се изјаснат за повторно отворање на преговорите за членство, објави „Политико“, повикувајќи се на европски претставници и дипломати.

Златото блеска: Цената расте, инвеститорите бараат сигурност

Цената на златото продолжува да расте и се движи кон најсилната недела од почетокот на годината, бидејќи инвеститорите повторно го гледаат благородниот метал како сигурно засолниште во услови на глобална економска неизвесност.

Трамп бара да нема веќе „државјанство по раѓање“ во САД

Меѓу 20.000-25.000 мајки практикуваат „туризам за породување“ во САД секоја година. гарантиран од 14-тиот амандман на Уставот усвоен во 1868 година и општо прифатеното толкување на неговиот текс којт гарантира државјанство на речиси секој роден во САД

Топлото време урива рекорди во Европа

Бруталната топлина и континуираните услови на суша се преоптоварени од климатската криза, а експертите предупредуваат дека тие вршат огромен притисок врз локалното население, критичната инфраструктура и дивиот свет низ целиот регион.

To top