Свет

Поранешен ученик отворил оган во училиште во Турција – најмалку 18 ранети (ВИДЕО)

Засега нема официјални информации за состојбата на повредените, ниту за точниот мотив на нападот.

На југот на Турција, утрово се случи тежок вооружен инцидент во средно стручно училиште во округот Сиверек. Вооружен маж влегол во училишната зграда и отворил оган со пушка.

Според првичните информации, најмалку 18 лица се повредени, меѓу кои и ученици. Турските медиуми јавуваат дека напаѓачот е поранешен ученик на ова училиште и дека по пукањето извршил самоубиство.

Локалните медиуми претходно објавија дека напаѓачот останал во зградата по инцидентот и дека држел дел од учениците како заложници. По настанот, полицијата веднаш го блокирала поширокото подрачје, вовела строги безбедносни мерки и на терен испратила специјални полициски единици и тимови за итна медицинска помош.

На социјалните мрежи и во локалните медиуми се појави видео на кое се гледа како учениците во паника бегаат од училишната зграда во моментот кога започнало пукањето.

Засега нема официјални информации за состојбата на повредените, ниту за точниот мотив на нападот. Надлежните органи продолжуваат со истрага.

Најнови вести од: Свет

Краделе милиони од странски донации за Украина

Националното биро за борба против корупцијата на Украина (НАБУ) објави дека поднело обвинение против поранешен висок функционер во Министерството за надворешни работи за проневера на 37 милиони гривни (околу 1,28 милиони долари) од странски донации наменети за поддршка на Украина

To top