Свет

Портпаролот на Хамас убиен во напад на Израел

На 30 август 2025 година, портпаролот на вооруженото крило на палестинското движење Хамас, Абу Обеида, беше убиен во израелски воздушен напад, според информација од палестински извор објавена од телевизијата „Ал Арабија“

На 30 август 2025 година, портпаролот на вооруженото крило на палестинското движење Хамас, Абу Обеида, беше убиен во израелски воздушен напад, според информација од палестински извор објавена од телевизијата „Ал Арабија“. Нападот бил извршен врз стан во Газа, каде што престојувал Абу Обеида, гласноговорник на бригадите „Езедин ал-Касам“. Според изворот, сите присутни во станот загинале, а смртта на Абу Обеида била потврдена од неговото семејство и од лидерите на бригадите „Ал-Касам“.

Од почетокот на израелската офанзива во Газа, која започна на 7 октомври 2023 година и предизвика голем број цивилни жртви, документирани од меѓународни невладини организации и критикувана од повеќе европски влади, Израел ликвидира неколку клучни фигури на Хамас. Меѓу нив се Мохамед Деиф, командант на бригадите „Езедин ал-Касам“, Јахја Синвар, политички лидер на Хамас, Исмаил Ханија, поранешен шеф на политичкото биро на Хамас, и Марван Иса, заменик-командант на вооруженото крило.

Овие настани се дел од тековниот конфликт во Газа, кој предизвика хуманитарна криза и осуди од меѓународната заедница поради големиот број цивилни жртви и уништувањето на инфраструктурата во енклавата

Најнови вести од: Свет

Бивш амбасадор на САД: Војната со Иран е стратешка грешка од историски размери

Иво Далдер нагласи дека изјавите на Трамп, во кои тој објавува дека САД можеби нема да ги бранат сојузниците од идна воена агресија од страна на Русија или други противници, ја дестабилизираа алијансата и го потресоа глобалниот поредок

To top