Свет

Путин бара целосна контрола над Доњецк, а би отстапил…

За време на разговорот со Трамп, рускиот лидер сугерирал дека во замена би бил подготвен да предаде делови од Запорожје и Херсон, два други украински региони што делумно ги освоил

Како услов за завршување на војната, рускиот претседател Владимир Путин, во телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела, побарал целосна контрола врз Доњецк, стратешки клучен регион во источна Украина.

Оваа информација за „Вашингтон пост“ била потврдена од двајца високи функционери запознаени со деталите од разговорот.

За време на разговорот, рускиот лидер сугерираше дека во замена за целосна контрола врз Доњецк, би бил подготвен да предаде делови од Запорожје и Херсон, два други украински региони што делумно ги освоил.

Станува збор за малку помала територијална претензија од онаа што ја презентираше во август на самитот во Анкориџ, Алјаска. Еден од функционерите рече дека некои во Белата куќа го протолкувале ова како напредок.

Сепак, друг функционер, висок европски дипломат, верува дека Украинците веројатно нема да го доживеат тоа на тој начин. „Како да им ја продадеш сопствената нога за ништо“, рече дипломатот.

Ниту Белата куќа ниту Кремљ не одговорија веднаш на барањето за коментар.

Трамп сè уште јавно не се осврнал на барањето на Путин.

По средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски во петокот, тој не го поддржа руското барање и планира да се сретне со Путин во Унгарија во наредните недели за да ги продолжи преговорите.

Украинската делегација се надеваше дека ќе го напушти состанокот во петокот со ракети „Томахавк“ со долг дострел, но се вратија со празни раце.

Официјалните лица велат дека за време на состанокот, претставникот на Трамп, Стив Виткоф, вршел притисок врз Украинците да го предадат Доњецк, истакнувајќи дека регионот е претежно рускојазичен, што е често тврдење на Кремљ.

Сепак, многу Украинци, вклучувајќи го и самиот Зеленски, пораснале зборувајќи руски, што историски не било знак на симпатија кон Москва.

Русија моментално контролира околу 20 проценти од територијата на Украина.

 

Најнови вести од: Свет

Кој ќе биде „газда“ на Гренланд?

Се очекува, Трамп да потпише договор чија цел е зголемување на военото присуство на САД на Гренланд и ограничување на присуството на геополитичките противници. Претставнициуте на Данска и на Гренланд се надеваат дека договорот ќе стави крај на претходните изјави на Трамп во кои тој сугерираше дека би можел да го преземе Гренланд со сила

(Видео): Отишол на училиште со ловџиска пушка и пукал – во Турција има ранети, напаѓачот е приведен

На социјалните мрежи се појавија првите видео снимки од напаѓачот кој со ловџиска пушка отвори оган во училиштето „Инчи Узмез“ во Маниса, на западот од Турција. Во инцидентот, според непотврдени информации, се повредени најмалку осум ученици, од кои еден е во критична состојба.

To top