Владимир Путин во документарен филм од 2025 година првпат дозволи камерите да влезат во неговиот приватен стан во Кремљ. Рускиот претседател на новинарот Павел Зарубин му ги покажа раскошните простории, малата кујна, домашната капела и теретаната во која секојдневно поминува околу еден и пол час.
Приватниот живот на Путин со години беше строго чуван, но во филмот гледачите добија ретко видување во ентериерот уреден во бело-златен стил, со позлатени детали, големи лустери, тешки завеси и многу растенија.
Најголемо внимание привлече просторијата што Путин ја нарече „домашна црква“. Се простира на неколку десетици квадратни метри, уредена во бела, зелена и златна боја, со паркет и бројни православни икони. На влезот стои копија од Казанската икона на Мајката Божја.
President Putin shows Zarubin his home chapel inside Kremlin where he “fell on his knees for the first time in his life” to pray in 2002 during the Nord-Ost siege (Moscow theater hostage crisis). Zarubin asks: “What other events in the country or in the world made you pray? + pic.twitter.com/Lkp0uEaMBx
— Dr.Sophia Ulgen 🇷🇺☮🇺🇸 (@ulgensophia74) May 4, 2025
Путин открил дека токму тука доаѓал да се моли за време на заложничката криза во театарот на Дубровка во 2002 година.
„Тогаш, за време на кризата со „Норд-Ост“, првпат во животот паднав на колена“, рекол Путин.
Камерите ја забележаа и дневната соба со штукатура, позлатени елементи и портрет на царот Александар III. Путин посочил дека во оваа просторија ги примал кинескиот претседател Си Џинпинг и поранешниот американски претседател Бил Клинтон.
Во трпезаријата се наоѓа копија од новгородската икона од 12 век „Спас Нерукотворен“, чиј оригинал е во Третјаковската галерија.
Во кујната Путин им понудил на гостите кефир и рјаженка. На масата имало и кутија белоруски чоколади, подарок од Александар Лукашенко.
„Тоа е подарок од Александар Григоријевич, разни белоруски чоколатца, многу се вкусни“, рекол Путин.
Во целосната верзија на филмот се гледаат и библиотеката (која служи и како приватна кино-сала), големата теретана и белиот клавир на кој, како што признал, многу ретко свири.
Putin showed journalist Pavel Zarubin his apartment in the Kremlin and admitted that he has been spending the night there almost every day for the past 3 years. pic.twitter.com/dhvhXLMXlK
— (AD) Deo Non Fortuna 🇷🇺🇺🇦 (@UKRRUSNews) May 1, 2025
Теретаната ја нарекол најважниот дел од станот и открил дека во неа секојдневно вежба околу час и половина.
Според анализата на прикажаните простории, станот има најмалку седум соби, покрај засебната кујна, вклучувајќи две спални.
Во краткиот разговор Путин признал дека постојано размислува за тоа кој еден ден ќе го наследи. Се надева дека граѓаните ќе можат да избираат меѓу повеќе кандидати, но додаде дека ниту еден иден претседател нема да може да направи „ништо сериозно“ ако не ја ужива довербата на народот.
Путин на изборите во 2024 година го освои петтиот мандат, кој трае до 2030 година. Уставот му дозволува да се кандидира повторно во 2030 и евентуално да остане на функцијата до 2036 година.
Сепак, во јуни 2026 година, на прашање дали ќе остане на власт до 2036, тој одговори дека е прерано да се зборува за тоа и дека во моментов воопшто не размислува за нова кандидатура. „Само Бог знае дали ќе имаме доволно здравје“, рече тогаш, нагласувајќи дека пред земјата стојат многу поголеми и поитни задачи.
Официјална кампања за нов мандат по 2030 година сè уште не е започната.