Македонија

Венецуелскиот претседател објави фотографии од притворот и напиша: Јас сум се уште претседател на мојата земја

Сликите се појавија речиси осум месеци откако американските сили го заробија во Каракас и го префрлија во Њујорк.

Поранешниот претседател на Венецуела Николас Мадуро ги објави своите први фотографии од притворот во САД. Сликите се појавија речиси осум месеци откако американските сили го заробија во Каракас и го префрлија во Њујорк.

Фотографиите се снимени на 25 јуни во Метрополитен притворниот центар во Бруклин, каде што Мадуро заедно со сопругата Силија Флорес чека судење. На нив се гледа во затворска облека, насмеан и како покажува знак на победа.

„Сакам да знаете дека стоиме цврсто, нашите срца се полни со вашата љубов“, напиша Мадуро на социјалните мрежи.

Тој ги опиша сликите како „мал подарок на љубов и надеж“ наменет за неговите внуци, деца и поддржувачи.

„Ќе останеме силни, спокојни и самоуверени: Бог е со нас. Бог ќе се грижи. Венецуела ќе се прероди“, додаде тој.

Судењето е закажано за 1 јуни 2027 година пред федералниот судија Алвин Хелерстин. Мадуро и Флорес се во притвор без кауција уште од 3 јануари, кога беа заробени за време на воена операција во Каракас.

Обвиненијата против нив вклучуваат заговор за наркотероризам, заговор за увоз на кокаин во САД и дела поврзани со оружје. Обвинителите тврдат дека соработувале со нарко-картели за шверц на големи количини кокаин. И двајцата се изјаснија за невини.

На првото појавување пред судот во јануари Мадуро ги отфрли сите обвиненија.

„Јас сум пристоен човек. Јас сум се уште претседател на мојата земја“, изјави тогаш.

Неговите адвокати инсистираат дека како шеф на држава ужива имунитет и дека кривичното гонење е невозможно. Судот треба да го разгледа ова прашање пред да започне главното судење.

Мадуро (63) и Флорес (69) остануваат во притвор во Бруклин до нова одлука.

Најнови вести од: Македонија

Говеда, џукели, глупи сте, ништо не знаете – со овие зборови им се обраќала претседателката на кумановскиот суд на вработените

Дури 75 од 90 вработени ја потпишале претставката против Снежана Манев, УПОЗ дава рок од осум дена, а потоа најавува протести и штрајк. Манев ги отфрла обвинувањата.

Хуманитарната трка „Трчаме со срце“ – 290 тркачи, едно срце и една повисока цел

Градскиот парк во Скопје на 19 септември пулсираше во ритамот на хуманоста, дружењето и спортскиот дух. На јубилејната СОС Хуманитарна трка powered by IT4Charity, 290 тркачи застанаа на стартната линија со една заедничка цел – да трчаат со срце и да дадат свој придонес за децата и младите на кои им е потребна поддршка.

To top