Свет

Рубио: Картелот на Сонцата е предводен од Николас Мадуро и е одговорен за трговија со дрога

Американскиот Стејт департмент денеска објави дека ќе го класифицира т.н. „Картел на Сонцата“ (Cartel de los Soles) – сомнителна криминална мрежа наводно предводена од високи венецуелски функционери – како терористичка организација. Оваа одлука ќе стапи во сила на 24 ноември, пренесува ДПА.

Американскиот Стејт департмент денеска објави дека ќе го класифицира т.н. „Картел на Сонцата“ (Cartel de los Soles) – сомнителна криминална мрежа наводно предводена од високи венецуелски функционери – како терористичка организација. Оваа одлука ќе стапи во сила на 24 ноември, пренесува ДПА.

„Со седиште во Венецуела, Картелот на Сонцата е предводен од (претседателот) Николас Мадуро и други високи поединци од нелегитимниот режим на Мадуро кои ја корумпираа венецуелската војска, разузнавањето, законодавството и судството“, изјави американскиот државен секретар Марко Рубио во својата кратка порака.
Тој додаде дека „Ниту Мадуро, ниту неговите соработници не ја претставуваат легитимната влада на Венецуела. Картелот на Сонцата, заедно со други означени странски терористички организации (FTO), вклучувајќи ги Трен де Арагуа и Картелот Синалоа, е одговорен за терористичко насилство низ нашата хемисфера, како и за трговија со дрога во САД и Европа“.

Трен де Арагуа, највлијателната банда во Венецуела, се поврзува со трговија со дрога, изнуда, нелегално рударство и шверц на луѓе, а нејзините операции се проширија во други латиноамерикански земји и САД. САД ја означија како терористичка група на почетокот на 2025 година.Според американската администрација, режимот на Мадуро ја претвори Венецуела во нарко-држава, склучиќи партнерство со колумбиски герилци за извоз на дрога кон Европа и САД преку „Картел на Сонцата“. Мадуро ги отфрла обвинувањата, тврдејќи дека се политички мотивирани.

Во последните неколку недели, американските сили извршуваат напади врз глисери кај брегот на Венецуела, осомничени за шверц на дрога кон САД. Каракас го осудува зголеменото американско воено присуство како провокација, а овие акции предизвикаа и меѓународни реакции, вклучително повик на Обединетите нации за воздржаност од страна на Вашингтон. Оваа класификација, според Стејт департментот, ќе им овозможи на САД да ги искористат сите достапни алатки за да ги заштитат националните интереси и да го прекинат финансирањето на „нарко-терористите“.

Најнови вести од: Свет

(Фото): Тешка несреќа во Унгарија, автобус излета од патот, 12 мртви

Спасувачките екипи веднаш излегле на местото на настанот и ги пронашле патниците низ прозорците на автобусот. Некои од патниците биле заробени под возилото, поради што спасувачката операција траела во текот на целото утро.

(Видео): Пожарникарите објавија шокантни снимки од центарот на пожарот во Омиш

Нови жаришта на хрватското приморје додека повредени се борат за живот по пожарот кај Омиш. Пожарот изгоре околу 900 хектари, едно лице загина, а седум се борат за живот. Бројни згради беа оштетени и уништени, а десетици луѓе беа повредени.

To top