Свет

Руси наседнаа на сатира: Уапсена била министерката за ВИ на Албанија која е – компјутер

Албанијаго претстави „првиот министер за вештачка интелигенција во светот“ во септември, наречен Диела

Претседателот на Руската државна дума, Вјачеслав Володин, за време на состанокот со претседателот Владимир Путин, му  пренел сторија од хрватска сатирична веб-страница како вистинска вест.

„Во една земја од ЕУ,  „назначија“ министерка за вештачка интелигенција, а сега таа се соочува со обвиненија за проневера“, рече Володин, користејќи го измислениот случај како доказ за ризикот.

Володин се повикал на приказна за „корумпиран министер за вештачка интелигенција“ во Албанија – приказна што се покажа како сатира од хрватскиот медиум Newsbar.

Сепак, „веста“ за корумпираната министерка за вештачка интелигенција е целосно измислена.

Според приказната, министерката за вештачка интелигенција Диела анализирала 30 години податоци за јавни набавки за време на обуката и заклучила дека примањето мито на Балканот е „нормална бирократска работа“, а не кривично дело.

Потоа таа прифатила 14 биткоини (околу 1,3 милиони евра) од изведувачот за одобрување на проект за изградба на автопат.

Во статијата се додава дека Диела ќе ја брани ChatGPT на суд, а нејзините должности ќе ги преземе „стар модел на калкулатор Casio“ до крајот на истрагата.

Албанија, која не е членка на ЕУ, го претстави „првиот министер за вештачка интелигенција во светот“ во септември. Наречена Диела, таа е модел на вештачка интелигенција интегриран во владината веб-страница за јавни набавки. Нејзина задача е да ги ревидира договорите со приватни компании и да ги означува или блокира сомнителните зделки како една од антикорупциските мерки на патот на Албанија кон ЕУ.

Пред да стигне до Володин, сатиричната приказна на NewsBar беше пренесена од неколку големи руски новински канали на Телеграм, секој со стотици илјади следбеници. Се претпоставува дека токму таму Володин, или некој од неговиот тим, ја прочитал веста и ја прифатил како вистинита.

Ова не е прв пат хрватската сатира да заврши во руските медиуми како вистинска вест. Во октомври 2025 година, приказната за змија која каснала Хрват, а потоа починала од труење со алкохол, собра милиони прегледи. И таа „вест“ првично беше објавена на NewsBar уште во 2020 година. Индекс.кр

 

Најнови вести од: Свет

Хаос на аеродромите и на границите на ЕУ, откако се воведе ЕЕС-системот, пропуштени летови, нервозни патници, кои се онесвестуваат, чекајќи со часови!

Воведувањето на системот за влез/излез (EES) предизвикува чекање со часови, пропуштени летови и нервозни патници низ цела Европа. Воведувањето на новиот систем за влез/излез (EES), кој се спроведува во повеќето земји од ЕУ, предизвика сериозни проблеми на аеродромите и граничните премини низ цела Европа.

Индиецот го ископал од гробот и го донел скелетот на починатата сестра во банката, за да може да ја подигне нејзината заштеда! (Видео)

Маж од Источна Индија тврди дека бил принуден да го однесе скелетот на неговата сестра во банка за да ја докаже нејзината смрт откако не успеал да ги повлече нејзините заштеди. Видео од државата Одиша, на кое 52-годишниот Џиту Мунданоси носи скелет во банка, стана вирално и предизвика јавен бес. Тој тврди дека го направил тоа од фрустрација бидејќи не можел да пристапи до парите, бидејќи немал официјален доказ за смрт.

Белата куќа ќе избегне да бара одобрение од Конгресот за нови напади врз Иран

Претходно „Тајм“ објави дека демократите би можеле да го тужат американскиот претседател Доналд Трамп ако тој продолжи со воената акција против Иран по 1 мај без да добие одобрение од Конгресот

Хамнеи воинствено кон Трамп: Единственото место за Американците е на дното на Персискиот Залив!

Врховниот лидер на Иран Мочтаба Хамнеи изјави дека „единственото место за Американците во Персискиот Залив е на дното на неговите води“. Изјавата била прочитана на иранската државна телевизија и е пренесена од меѓународни медиуми.

To top