Свет

Русија е подготвена за средба Путин-Трамп во Будимпешта

Ако е добро подготвена и врз основа на договорите во Алјаска

Русија е подготвена за средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и неговиот американски колега Доналд Трамп во унгарската престолнина Будимпешта ако е добро подготвена и врз основа на договорите од средбата на двајцата лидери во државата Алјаска, објави Министерството за надворешни работи во Москва.

Трамп и Путин се сретнаа на 15 август во Енкориџ, Алјаска. Двајцата требаше да разговараат во Будимпешта минатиот месец, но нивната средба беше откажана.

Контактите меѓу министерот за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Марко Рубио ќе продолжат доколку е потребно, објасни портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Најнови вести од: Свет

Русија изгуби сто пати повеќе војници во Украина отколку во Авганистан

Според податоците објавени од Генералштабот на вооружените сили на Украина на 9 септември, загубите во рускиот воен персонал од почетокот на целосната инвазија врз Украина надминаа 1,5 милиони загинати и ранети

To top