Свет

Русија објави дека нејзините научници развиле вакцина за рак

Туморите се намалуваат или растат за 60-80 отсто побавно, тврдат од Федералната биолошка и медицинска агенција

Руските научници развија нова вакцина против рак која е подготвена за клиничка употреба, објави раководителката на Федералната медицинска и биолошка агенција (ФМБА), Вероника Скворцова, на Источниот економски форум во Владивосток.

Вакцината, наречена „Ентеромикс“, користи мРНА-технологија, истата што се користи во некои вакцини за Ковид-19. Наместо ослабен вирус, вакцините ги учат клетките на телото да произведуваат протеини кои стимулираат имунолошки одговор против клетките на ракот.

Според Скворцова, вакцината е подложена на години истражување, вклучувајќи три години задолжителни претклинички испитувања. Резултатите покажуваат дека е безбедна дури и со повеќекратни дози и многу ефикасна: кај некои пациенти туморите се намалуваат или растат побавно за 60-80 отсто, во зависност од видот на рак. Истражувачите, исто така, забележале подобрени стапки на преживување.

Првичниот фокус ќе биде на ракот на дебелото црево, а се развиваат вакцини и против глиобластом, брзорастечки рак на мозокот и одредени видови меланом, вклучувајќи го и очниот меланом.

Вакцината беше најавена на 10. Источен економски форум, на кој учествуваа повеќе од 8.400 учесници од повеќе од 75 земји.

Најнови вести од: Свет

Над 64 мртви и 170 повредени во страотниот судар на двата воза во Шпанија, во кои имало 544 патници (Видео)

Најмалку 64 лица загинаа во судирот на два воза што се случи утрово во градот Урда, во покраината Толедо, на линијата Мадрид-Севиља, соопшти Службата за цивилна заштита на Кастиља-Ла Манча, јавија европски медиуми, меѓу кои и Дојче веле. 

Најнови вести

To top