Свет

САД и Саудиска Арабија склучуваат голем нуклеарен договор

Загриженост поради можен пат кон нуклеарно оружје

Американскиот претседател Доналд Трамп одобрил 30-годишен нуклеарен договор со Саудиска Арабија, со кој на кралството би можело да му се овозможи самостојно збогатување на гориво за цивилни нуклеарни реактори, пренесуваат американски медиуми, повикувајќи се на висок американски функционер.

Според информациите, американски компании ќе обезбедат технологија и експертиза за развој на саудиската цивилна нуклеарна програма, а администрацијата на Трамп планира договорот наскоро да го достави на разгледување во Конгресот на САД.

Договорот веќе предизвикува загриженост, бидејќи можноста за збогатување на ураниум, иако е наменета за цивилни цели, теоретски може да претставува чекор кон производство на материјал за нуклеарно оружје. Повеќето држави кои користат нуклеарна енергија за цивилни потреби не го произведуваат горивото самостојно, туку го набавуваат од меѓународни снабдувачи под строг надзор.

Дополнителни реакции се очекуваат и поради тоа што договорот, според извештаите, предвидува одредени ограничувања за инспекциите на саудиската нуклеарна програма.

Можниот нуклеарен напредок на Ријад веќе предизвика внимание кај клучните регионални актери. Израел, за кој широко се смета дека располага со нуклеарно оружје, со години внимателно ги следи ваквите иницијативи, додека Иран, главниот регионален ривал на Саудиска Арабија, продолжува да тврди дека неговата нуклеарна програма има исклучиво цивилна намена.

Дополнителна тежина на договорот му дава и претходната изјава на саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, кој порача дека неговата земја ќе настојува да развие нуклеарно оружје доколку Иран некогаш произведе нуклеарна бомба.

САД со години се обидуваат да постигнат договор за цивилна нуклеарна соработка со Саудиска Арабија. За време на администрацијата на Џо Бајден, таквиот договор беше дел од пошироките напори за нормализација на односите меѓу Саудиска Арабија и Израел, но тие иницијативи запираа по нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година. Администрацијата на Трамп повторно ги интензивираше преговорите, што резултираше со одобрување на новиот договор.

Најнови вести од: Свет

Кој ќе биде „газда“ на Гренланд?

Се очекува, Трамп да потпише договор чија цел е зголемување на военото присуство на САД на Гренланд и ограничување на присуството на геополитичките противници. Претставнициуте на Данска и на Гренланд се надеваат дека договорот ќе стави крај на претходните изјави на Трамп во кои тој сугерираше дека би можел да го преземе Гренланд со сила

(Видео): Отишол на училиште со ловџиска пушка и пукал – во Турција има ранети, напаѓачот е приведен

На социјалните мрежи се појавија првите видео снимки од напаѓачот кој со ловџиска пушка отвори оган во училиштето „Инчи Узмез“ во Маниса, на западот од Турција. Во инцидентот, според непотврдени информации, се повредени најмалку осум ученици, од кои еден е во критична состојба.

To top