Свет

САД обвинија Бугарин за трговија со оружје за мексикански нарко картел

Обвинет за заговор за дистрибуција на кокаин во САД, обезбедување материјална поддршка на странска терористичка организација…

 

Бугарскиот државјанин Петар Мирчев е обвинет во САД за учество во меѓународна криминална шема за нелегален извоз на оружје и помагање на терористичка организација. Обвиненијата ги поднесе Федералниот суд во Источниот округ на Вирџинија, објавија државните судски власти.

Тој бил уапсен во Мадрид на 8 април и моментално чека екстрадиција. Според обвинителството, тој организирал испорака на 50 автоматски пушки „Калашников“ со муниција, ракети земја-воздух, фрлачи на гранати, беспилотни летала и друго оружје наменето за мексиканскиот нарко картел „Халиско Нуева Генерација“ (CJNG), презентирано како извоз од Танзанија, пренесе Њуз.бг.

Пратката требало да биде „тест“, а по неа била подготвена зделка со оружје во вредност од над 53 милиони евра, вклучувајќи тешко оружје, вклучувајќи митралези, фрлачи на гранати и противвоздушни системи.

Мирчев е обвинет за заговор за дистрибуција на кокаин во Соединетите Држави, заговор за поседување оружје во врска со трговија со дрога и обезбедување материјална поддршка на странска терористичка организација. Доколку биде осуден, тој се соочува со казна од 10 години до доживотен затвор за секое обвинение.

Според истражителите, Мирчев имал состаноци со лица кои се претставувале како членови на колумбиска група CJNG која во февруари 2025 година, САД официјално ја прогласија за терористичка организација.

Најнови вести од: Свет

Кој ќе биде „газда“ на Гренланд?

Се очекува, Трамп да потпише договор чија цел е зголемување на военото присуство на САД на Гренланд и ограничување на присуството на геополитичките противници. Претставнициуте на Данска и на Гренланд се надеваат дека договорот ќе стави крај на претходните изјави на Трамп во кои тој сугерираше дека би можел да го преземе Гренланд со сила

(Видео): Отишол на училиште со ловџиска пушка и пукал – во Турција има ранети, напаѓачот е приведен

На социјалните мрежи се појавија првите видео снимки од напаѓачот кој со ловџиска пушка отвори оган во училиштето „Инчи Узмез“ во Маниса, на западот од Турција. Во инцидентот, според непотврдени информации, се повредени најмалку осум ученици, од кои еден е во критична состојба.

To top