Свет

САД „потонаа“ меѓу Боцвана и Панама по слободата на медиумите

Повеќе од половина од земјите во светот (94) се во „тешка“ или „многу сериозна“ ситуација, додека во 2002 година тие беа малцинство од 13,7 проценти, алармираат од Репортери без граници

 

 

Сслободата на медиумите во светот го достигна најниското ниво во последните 25 години, предупредија во четврток „Репортери без граници“, укажувајќи на општо влошување, од Соединетите Американски Држави, каде што нападите на Доналд Трамп станаа „систематски“, до Саудиска Арабија, која погуби новинар во 2025 година.

Повеќе од половина од земјите во тешка состојба:

„За прв пат во историјата“ рангирањето за оваа година, кое првпат беше создадено во 2002 година, покажува дека „повеќе од половина од земјите во светот (94) се во „тешка“ или „многу сериозна“ ситуација, додека во 2002 година тие беа малцинство од 13,7 проценти“, предупредија „Репортери без граници“(RSN) чие рангирање има пет нивоа, од „многу сериозна“ до „добра“.

Во исто време, процентот на населението што живее во земја каде што слободата на медиумите е оценета како „добра“ падна од 20 проценти на „помалку од 1 процент“. Само седум земји од Северна Европа, предводени од Норвешка, припаѓаат на таа категорија.

„Во последните 25 години, просечниот резултат за сите земји што се проучувале никогаш не бил толку низок“, додава организацијата.

Соединетите Американски Држави, кои спаѓаат во категоријата „проблематична ситуација“, паднаа за седум места на 64-то место и сега се наоѓаат помеѓу Боцвана и Панама.

Покрај нападот на републиканскиот претседател врз печатот, што е „систематска практика“, „Репортери без граници“ пишува дека ова резултирало со притворање и последователна депортација на салвадорскиот новинар Марио Гевара, кој ги осуди апсењата на мигрантите во Соединетите Американски Држави, и драстично намалување на финансирањето за американското меѓународно аудиовизуелно емитување.

„Нападите врз новинарите се менуваат. Новинарите сè уште се убиваат, новинарите сè уште се затвораат, но притисоците сега се економски, политички и правни“, изјави за АФП Ан Боканде, уредничка на „Репортери без граници“.

Иако влошувањето на ситуацијата се објаснува со вооружени конфликти, организацијата, исто така, укажува на консолидацијата на политичките режими во последните години.

(…)
„Законите сè повеќе ги дискредитираат новинарите а тие треба да ги заштитат“, забележува уредничката на организацијата.

Таа додава дека „алатките постојат“, повикувајќи се на регулативата на Европската комисија за слободата на медиумите, таканаречениот Европски закон за слобода на медиумите, кој стапи на сила во 2025 година…

Најнови вести од: Свет

„Политико“: ЕУ ги менува правилата за проширување, за да не биде блокирана, а угледот на Урсула Лаен е на коцка!

„Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен се подготвува за борба со главните градови на ЕУ околу плановите за прием на нови членки. Taa има само неколку седмици да ги убеди дека може да се справува со опасностите од проширување на евроблокот. Угледот на Урсула фон дер Лаен е на коцка.“ – пишува денешното утринско издание „Плејбук“ на бриселскиот аналитички портал за европски прашања „Политико“ во својата статија со наслов „Операција за одблокирање“.

Тајландски функционер убиен во неговата канцеларија од поранешен пратеник

Вооружен човек уби тајландски функционер во канцеларија на локалната самоуправа на периферијата на главниот град Бангкок во понеделникот, соопштија властите, неколку дена откако пукањето во училиште во истата покраина повторно ја разгоре дебатата за контрола на оружјето.

Дали британскиот премиер ќе поддржи создавање „Европска конфедерација“ што би ја вклучила и Македонија?!

Британскиот премиер Енди Бернам доби предлог од поранешен член на Конзервативната партија во оваа земја, за создавање „Европска конфедерација“ во која би била вклучена и Македонија.

To top