Свет

Се стабилизираат цените на нафтата по ветувањето на Трамп за заштита на танкерите

Цената на WTI се приближи до 78 долари по барел, по масовните воздушни напади што САД и Израел ги изведоа врз Иран, членка на ОПЕК. Иран возврати со ракетни и дронски напади врз цели на Блискиот Исток, вклучително и енергетска инфраструктура, што предизвика раст на цената на американската нафта од 6 проценти во понеделник и дополнителни 5 проценти во вторник.

Цените на нафтата се стабилизираа откако американската администрација најави мерки за заштита на танкерите што минуваат низ Персискиот Залив, по наглиот раст предизвикан од конфликтот меѓу САД, Израел и Иран. Американската сурова нафта WTI порасна за 12 центи, односно 0,16 проценти, и достигна цена од 74,68 долари по барел. Во меѓувреме, глобалниот референтен бренд Брент се зголеми за 37 центи, или 0,45 проценти, на 81,77 долари по барел.

Претходно неделава цената на WTI се приближи до 78 долари по барел, по масовните воздушни напади што САД и Израел ги изведоа врз Иран, членка на ОПЕК. Иран возврати со ракетни и дронски напади врз цели на Блискиот Исток, вклучително и енергетска инфраструктура, што предизвика раст на цената на американската нафта од 6 проценти во понеделник и дополнителни 5 проценти во вторник.

Пазарот се смири откако американскиот претседател Доналд Трамп најави дека САД ќе обезбедат поддршка за танкерите преку Меѓународната корпорација за развојно финансирање, а по потреба и поморска придружба за транспортот на нафта низ Персискиот Залив.

Американскиот министер за финансии Скот Бесент потврди дека Белата куќа подготвува дополнителни мерки за поддршка на трговијата со нафта во регионот. Тензиите го погодија и сообраќајот низ Ормутскиот теснец, клучен поморски коридор низ кој се транспортира околу 20 проценти од светската потрошувачка на нафта. Поради страв од ирански напади, дел од бродовласниците привремено го прекинаа сообраќајот низ овој теснец.

Најнови вести од: Свет

Трамп на Самитот на НАТО: Примирјето со Иран е завршено

Американскиот претседател Доналд Трамп првпат се огласи по ноќешните американски воени напади врз Иран, оценувајќи дека примирјето меѓу двете земји повеќе не постои и дека САД одговориле со силна воена акција.

Кинески функционер осуден на смрт поради корупција од 324 милиони долари

Јанг во периодот од 1993 до 2023 година додека извршувал различни функции на незаконит начин се стекнал со 324 милиони долари во периодот готовина и средства додека извршувал разни владини позиции од 1993 до 2023 година

Американски инвестициски фонд ја купува авиокомпанијата „Изиџет“ за 6,4 милијарди евра

Веднаш по отворањето на Лондонската берза, акциите на easyJet пораснаа за 10,5 проценти, што го одразува оптимизмот на инвеститорите за можното склучување на еден од најголемите зделки во европската авиоиндустрија оваа година.

To top