Свет

Се’ уште се трага по убиецот на Чарли Кирк

ФБИ, кое соработува со локалните и државните органи, ги повика сите што имаат „информации, фотографии и видеа“ од убиството да ги споделат

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е „полн со тага и гнев“ по „грозоморното убиство“ на десничарскиот инфлуенсер Чарли Кирк.

Кирк, верен сојузник на американскиот претседател, беше убиен на универзитетски настан во Јута во среда попладне по американско време. Властите изјавија дека осомничениот веројатно пукал од покрив на значително растојание, додавајќи дека околу 3.000 луѓе се собрале на митингот на Универзитетот во Јута.

Директорот на ФБИ, Кеш Пател, првично објави дека осомничениот за пукањето во кое беше убиен конзервативниот активист Чарли Кирк е уапсен, но неколку часа подоцна објави дека притворениот е ослободен по испрашувањето.

Потрагата по убиецот на Чарли Кирк сè уште е во тек, но властите не веруваат дека убиецот сè уште е на кампусот на Универзитетот во долината Јута.

Полицијата одеше од врата до врата на кампусот некое време, но блокадата заврши. Наставата е откажана, а полицијата сè уште ги чува влезовите на кампусот за да спречи луѓето да влегуваат со автомобили.

Не е јасно дали полицијата има какви било траги за тоа каде се наоѓа напаѓачот, но се чини дека нема претрес на кампусот, според Би-Би-Си.

ФБИ, кое соработува со локалните и државните органи за спроведување на законот во Јута за да го истражи убиството на Чарли Кирк, ги повика сите што имаат „информации, фотографии и видеа“ од убиството да споделат датотеки преку онлајн формулар.

Најнови вести од: Свет

Зеленски: „Деновите на безбедност на руското небо се завршени“

Ги предупреди меѓународните авиокомпании и осигурителите компании дека интензивирањето на нападите со украински дронови ќе го направи рускиот воздушен простор сè поопасен и би можело ефикасно да доведе до негово затворање

За три дена Џорџија Мелони ќе стане „најдолговечниот премиер“ во историјата на Италија

Во земја некогаш синоним за политичка нестабилност, првата жена премиер ќе ја води истата италијанска влада 1.413 дена, еден ден подолго отколку што Силвио Берлускони успеа во текот на неговите четири мандати

Најнови вести

To top