Свет

Шокантни детали за ужасната трагедија во Кран Монтана во Швајцарија: Газдарицата бегала со пари и уништувала докази, додека 40 млади гореле!

Се појавија нови информации за трагичниот пожар во Кран Монтана, Швајцарија, каде што 40 лица, претежно млади луѓе, ги загубија животите на новогодишната ноќ во клубот „Ле Констеласион “. Според италијанскиот весник „Република“, безбедносните камери наводно ја снимиле сопственичката Џесика Морети како го напушта запалениот клуб, носејќи каса со пари во рацете.

Според досегашните наоди на истрагата ниту еден од вработените во барот не помогнал во гасење на пожарот или помош за гостите. Сведоците исто така рекоа дека сопственичката бегала со касата цврсто стегната во рацете додека гостите биле зафатени од пламен. Затоа полицијата ги прегледува сите достапни снимки од клубот, секако вклучувајќи ги и оние од безбедносните камери кои првенствено го покривале влезот во барот.

Според досегашните информации, Морети била во клубот со својот син од првиот брак, кој бил и раководител на персоналот во времето на пожарот, а самата таа се здобила со изгореници на раката. Снимките од уличните камери наводно го покажуваат драматично различното однесување на мајката и синот. Додека младиот човек внатре се обидувал да ги скрши плексиглас панелите на верандата за да ги ослободи заробените гости, таа, како што покажува видеото, избегала на улица – со касата во рацете.

Ако се потврди автентичноста на видеото, овој детал би можел значително да ја влоши правната позиција на сопственичката. Таа и нејзиниот сопруг Жак се обвинети за убиство од негрижност, предизвикување телесни повреди и палење, а сопственичката на барот сега би можела да се соочи и со обвиненија за недавање помош. Обвинителката Беатрис Пилу, исто така, размислува за зголемување на обвиненијата за можна намера за двајцата осомничени. Неколку елементи укажуваат дека сопствениците биле свесни за огромниот ризик за гостите: од лесно запаливите материјали што се користат за таванот и затворените излези за итни случаи, до целосното отсуство на систем за противпожарна заштита и апарати за гаснење пожар.

Најнови вести од: Свет

EES системот повод за нова поделба во ЕУ

Франција, Белгија, Германија, Грција, Италија, Малта, Холандија, Португалија и Швајцарија побараа дополнително време за целосна примена на биометриските проверки на одредени гранични точки, особено на прометните аеродроми

Кој ќе биде „газда“ на Гренланд?

Се очекува, Трамп да потпише договор чија цел е зголемување на военото присуство на САД на Гренланд и ограничување на присуството на геополитичките противници. Претставнициуте на Данска и на Гренланд се надеваат дека договорот ќе стави крај на претходните изјави на Трамп во кои тој сугерираше дека би можел да го преземе Гренланд со сила

(Видео): Отишол на училиште со ловџиска пушка и пукал – во Турција има ранети, напаѓачот е приведен

На социјалните мрежи се појавија првите видео снимки од напаѓачот кој со ловџиска пушка отвори оган во училиштето „Инчи Узмез“ во Маниса, на западот од Турција. Во инцидентот, според непотврдени информации, се повредени најмалку осум ученици, од кои еден е во критична состојба.

To top