Свет

Што и да правам околу Иран, очигледно функционира, вели Трамп

Американскиот претседател за „Би-би-си“ упатил и критика кон Обединетото Кралство. Како што наведува медиумот Трамп го критикувал Кир Стармер но и британската влада за, како што тврди тој поради недоволниот ангажман на Блискиот Исток. Тој истакна дека Обединетото Кралство им дозволило на Соединетите Држави да ги користат своите бази само за „одбранбени“ воздушни напади, што за него тоа било недоволен придонес.

Американскиот претседател Доналд Трамп во изјава за Би-би-си истакна дека неговата стратегија во Иран функционира, одговарајќи на прашања за претходните закани што предизвикаа загриженост за можна ескалација на конфликтот. Во краткиот телефонски разговор со уредничката на „Би-би-си“ за сервисот во Северна Америка, Сара Смит, Трамп исто така ја коментираше неговата претходна изјава од овој месец во која тој предупреди дека „целата цивилизација може да исчезне преку ноќ“.

Кога беше запрашан дали изјавата значи нуклеарна закана против Иран, Трамп не даде директен одговор.

  • „Другата страна е желна да постигне договор. Што и да кажам или направам, се чини дека функционира многу добро – вели Трамп.

Неговите зборови дополнително ја разгореа дебатата за тоа дали американската администрација користи остра реторика како средство за притисок во преговорите со Иран, наведува медиумот.

Зборувајќи за улогата на сојузниците во конфликтот на Блискиот Исток, Трамп истакна дека на САД не им треба НАТО во војната со Иран, но додаде дека тие „требале да бидат таму“.

Американскиот претседател во интервјуто за „Би-би-си“ упатил и критика кон Обединетото Кралство. Како што наведува медиумот Трамп го критикувал Кир Стармер но и британската влада за, како што тврди тој поради недоволниот ангажман на Блискиот Исток. Тој истакна дека Обединетото Кралство им дозволило на Соединетите Држави да ги користат своите бази само за „одбранбени“ воздушни напади, што за него тоа било недоволен придонес.

  • „Многу луѓе во Обединетото Кралство ни кажаа колку е лошо тоа“, додаде тој.

Трамп, сепак, остави простор за подобрување на односите со британскиот премиер, наведувајќи дека ситуацијата би можела да се „опорави“ ако британската влада преземе одредени чекори. Американскиот претседател исто така додаде дека отворањето на Северното Море за експлоатација на енергија но и заострувањето на имиграциската политика би биле едни од клучните услови за возобнувањето на американско-британските односи.

Најнови вести од: Свет

Обединети Арапски Емирати: Сопилотот на „Флај Дубаи“ го нападнал пилотот со секира, се обидел со „терористички“ напад

Копилотот на летот FZ1073 на „Flydubai“ се обиде да изврши „терористички“ напад за време на летот, изјави во саботата главниот обвинител на Обединетите Арапски Емирати, објави државната новинска агенција WAM.

ЕУ воведува нов вид бензин – Е20, горивото треба да го намали европскиот увоз на нафта

Не е сосема јасно кои возила се прилагодени за E20. Се претпоставува дека повеќето современи бензински мотори би можеле да го користат без тешкотии, а за некои понови модели на BMW веќе има одобренија за поголеми пропорции на етанол.

Осуденичка на смрт преживеа обид за погубување откако ѝ беа дадени две смртоносни дози

Повеќе од 40 минути по втората доза, таа сè уште покажувала знаци на живот, по што била пренесена во болница, а нејзините адвокати тврдат дека нов обид за егзекуција би покренал прашања во врска со забраната за сурови и необични казни, содржана во Осмиот амандман од америкнскиот устав

To top