Свет

Швајцарија прогласи петдневна жалост за трагедијата во Кран Монтана

Знамињата на институциите ќе бидат на половина копје во знак на жалост за најмалку 40 мртви и 115 повредени во пожарот во бар

Швајцарија прогласи петдневна жалост по пожарот во популарен бар во скијачкиот центар Кран-Монтана, во кој загинаа повеќе од 40 лица, а 115 беа повредени.

Знамињата на институциите во земјата ќе бидат спуштени на половина копје во тој период.

Швајцарскиот претседател Ги Пармелин го опиша пожарот како еден од најтрагичните настани во историјата на земјата и рече дека Швајцарија има должност да обезбеди таква трагедија никогаш повеќе да не се случи.

Несреќата се случила за време на новогодишната прослава, а барот „Ле констеласион“ бил полн со млади луѓе, меѓу кои и туристи од други европски земји.

Според исказите на очевидци, пожарот избувнал околу 1:30 часот по полноќ, кога во барот биле фрлени шишиња шампањ со прскалки и ракети, предизвикувајќи експлозија што брзо ги зафатила таванот и поширокиот простор.

Пожарот се проширил брзо и зафатил цел подрум каде што имало многу млади луѓе, вклучувајќи и тинејџери.

Сведоците тврдат дека луѓето се обиделе да избегаат во паника, но се заглавиле поради тесните скали. Пожарот предизвикал огромна паника и ужасни сцени, а екипите за итни случаи и пожарникарите пристигнале на местото на трагедијата во рекордно време.

Медицински работници ги превезоа повредените во болниците во Сион, Женева, Лозана и Цирих. Некои преживеани претрпеа тешки изгореници и повреди на белите дробови, а шест лица се во критична состојба. Иако причината за пожарот сè уште не е целосно утврдена, истрагата е во тек.

Најнови вести од: Свет

Светско предупредување: Војната ја турка инфлацијата кон 7%?!

Шефицата на ММФ се осврна и на фискалната политика, предупредувајќи дека владите мора да бидат внимателни да не ја комплицираат дополнително работата на централните банки со своите потези. Претставниците на ММФ, рече таа, веќе работат со поединечни влади на пакети за фискална поддршка кои треба да бидат привремени и јасно временски ограничени.

ММФ предупредува: Блискиот Исток може да предизвика нов шок за глобалната економија

Меѓународниот монетарен фонд предупредува дека конфликтите на Блискиот Исток ќе го забават глобалниот раст, ќе ги зголемат цените на енергенсите и ќе влијаат на инфлацијата и финансиската стабилност.

To top