Свет

Сијарто: Украина во ЕУ би донела војна, опасност и мафија

За разлика од Украина, земјите од Западен Балкан се подготвени и би придонеле за економскиот развој на ЕУ

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто денес во Бања Лука го потврди противењето на владата на Виктор Орбан на евентуален чекор кон членството на Украина во Европската Унија, додавајќи дека единственото нешто што е важно за неговата земја е земјите од Западен Балкан да се приклучат кон ЕУ.

„Европската интеграција сега звучи како лоша шега ако Брисел верува дека Украина е поподготвена за членство во ЕУ отколку Западен Балкан. Земјите од тој регион се подготвени и би придонеле за економскиот развој на ЕУ, додека Украина носи само опасност, војна и украинска мафија“, рече Сијарто.

Тој рече дека стабилноста и мирот на Западен Балкан се од најголема важност за Унгарија. Дестабилизацијата во јужна Европа, рече Сијарто, би имала трагични последици за националната безбедност на Унгарија. Тој најави дека Унгарија ќе продолжи да ја зајакнува соработката со Република Српска, а притоа не ја спомена Босна и Херцеговина.

Сијарто пристигна во Бања Лука за да му биде доделен почесен докторат на локалниот универзитет. Индекс.хр

Најнови вести од: Свет

Кој ќе биде „газда“ на Гренланд?

Се очекува, Трамп да потпише договор чија цел е зголемување на военото присуство на САД на Гренланд и ограничување на присуството на геополитичките противници. Претставнициуте на Данска и на Гренланд се надеваат дека договорот ќе стави крај на претходните изјави на Трамп во кои тој сугерираше дека би можел да го преземе Гренланд со сила

(Видео): Отишол на училиште со ловџиска пушка и пукал – во Турција има ранети, напаѓачот е приведен

На социјалните мрежи се појавија првите видео снимки од напаѓачот кој со ловџиска пушка отвори оган во училиштето „Инчи Узмез“ во Маниса, на западот од Турција. Во инцидентот, според непотврдени информации, се повредени најмалку осум ученици, од кои еден е во критична состојба.

To top