Свет

Словенците не сакаат смрт од милосрдие

Отфрлениот закон предвидуваше можност за асистирано самоубиство за неизлечиво болни возрасни пациенти кои ги исполнуваат строгите медицински критериуми

 

Огромно мнозинство словенечки граѓани на вчерашниот референдум го отфрлија законот за асистирано доброволно прекинување на животот.

Со предложениот Закон се планира да им даде право на терминално болни пациенти чие страдање или здравствена состојба е неподнослива,  да го завршат својот живот, со исклучок на случаи на ментални болести

Според неофицијалните резултати од Државната изборна комисија, по преброени 99,8 проценти од гласовите, повеќе од 368.000 гласачи гласаа против законот, или 53,4 проценти од оние што гласаа. Малку повеќе од 321.000 гласачи, или 46,6 проценти, беа за законот.

На референдумот излегоа 40,91 процент од вкупно 1,7 милиони луѓе со право на глас.

Отфрлениот закон предвидуваше можност за асистирано самоубиство за возрасни пациенти кои ги исполнуваат строгите медицински критериуми. Пациентот ќе мора двапати да ја изрази својата намера кај лекарот, по што барањето ќе го оцени независен лекар и психијатар. Здравствените работници ќе го задржат правото да се повикуваат на совеста.

Евтаназијата, смрт со директна помош на старател, ќе остане забранета.

Меѓу европските земји, покрај Швајцарија и Австрија, кои дозволуваат асистирано самоубиство, Холандија, Белгија и Луксембург дозволуваат еутаназија, додека француските пратеници ја одобрија можноста за право на асистирано умирање на првото читање кон крајот на мај.

Словенците на референдум за „потпомогнато самоубиство“

 

 

Најнови вести од: Свет

Кој ќе биде „газда“ на Гренланд?

Се очекува, Трамп да потпише договор чија цел е зголемување на военото присуство на САД на Гренланд и ограничување на присуството на геополитичките противници. Претставнициуте на Данска и на Гренланд се надеваат дека договорот ќе стави крај на претходните изјави на Трамп во кои тој сугерираше дека би можел да го преземе Гренланд со сила

(Видео): Отишол на училиште со ловџиска пушка и пукал – во Турција има ранети, напаѓачот е приведен

На социјалните мрежи се појавија првите видео снимки од напаѓачот кој со ловџиска пушка отвори оган во училиштето „Инчи Узмез“ во Маниса, на западот од Турција. Во инцидентот, според непотврдени информации, се повредени најмалку осум ученици, од кои еден е во критична состојба.

To top