Свет

Специјалниот претставник на Трамп слета во Москва

Посетата на Виткоф е последен обид да се најде решение што би го спасило образот за двете страни

 

Специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, пристигна во Москва изјави извор за Ројтерс, откако Кремљ соопшти дека не ја исклучува средбата на Виткоф со претседателот Владимир Путин.

Трамп рече дека ако Русија не се согласи на прекин на огнот во Украина до петок, ќе се соочи со нови санкции.

Мерките би вклучувале високи тарифи за земјите што купуваат нејзина нафта, од кои најголеми се Индија и Кина.

Но, Путин веројатно нема да се согласи со ултиматумот бидејќи верува дека ја добива војната и дека неговите воени цели се поважни од неговата желба да ги подобри односите со САД, изјавија за Ројтерс три извори блиски до Кремљ.

„Посетата на Виткоф е последен обид да се најде решение што би го спасило образот за двете страни. Сепак, не мислам дека ќе има некаков компромис меѓу нив“, рече Герхард Мангот, австриски аналитичар и член на група западни академици и новинари кои редовно се среќавале со Путин во текот на годините.

Најнови вести од: Свет

Кој ќе биде „газда“ на Гренланд?

Се очекува, Трамп да потпише договор чија цел е зголемување на военото присуство на САД на Гренланд и ограничување на присуството на геополитичките противници. Претставнициуте на Данска и на Гренланд се надеваат дека договорот ќе стави крај на претходните изјави на Трамп во кои тој сугерираше дека би можел да го преземе Гренланд со сила

(Видео): Отишол на училиште со ловџиска пушка и пукал – во Турција има ранети, напаѓачот е приведен

На социјалните мрежи се појавија првите видео снимки од напаѓачот кој со ловџиска пушка отвори оган во училиштето „Инчи Узмез“ во Маниса, на западот од Турција. Во инцидентот, според непотврдени информации, се повредени најмалку осум ученици, од кои еден е во критична состојба.

To top