Свет Спорт

Талибанците забранија да се игра – шах

Талибанските власти во Авганистан привремено го забранија шахот, изразувајќи загриженост дека играта би можела да биде форма на коцкање. Како што објавија службените лица, забраната останува на сила до понатамошно известување, односно додека не се утврди „дали шахот е во согласност со исламскиот закон“. Шахот е најновиот во низата спортови што Талибанците одлучија да ги […]

Талибанските власти во Авганистан привремено го забранија шахот, изразувајќи загриженост дека играта би можела да биде форма на коцкање.

Како што објавија службените лица, забраната останува на сила до понатамошно известување, односно додека не се утврди „дали шахот е во согласност со исламскиот закон“.

Шахот е најновиот во низата спортови што Талибанците одлучија да ги ограничат.

Во неделата, портпаролот на спортскиот директорат на Талибанците, Атал Машвани, изјави дека шахот се смета за „средство за коцкање“ според исламскиот закон.

„Постојат религиозни сомнежи кога станува збор за шах“, изјави тој за АФП.

„Додека не се разјаснат, шахот во Авганистан останува суспендиран.“

Сопственик на кафуле во Кабул, кој организирал неформални шаховски турнири во последниве години, вели дека ќе ја почитува одлуката, но признава дека тоа ќе му наштети на бизнисот.

„Младите луѓе денес немаат многу начини да го поминуваат времето, па затоа доаѓаа тука секој ден“, рече Азизула Гулзада. „Тие пиеја чај и играа шах со пријателите.“ Тој додаде дека шахот нормално се игра во многу други муслимански земји.

Минатата година, Талибанците ги забранија и боречките вештини , тврдејќи дека се премногу насилни и некомпатибилни со исламските принципи.

Најнови вести од: Свет Спорт

Либан: Најмалку 31 лице загина, а 40 се ранети во израелски напад

Откако Нетанјаху најави зголемени напади и проширување на копнените операции, во Либан растат стравувањата дека израелските сили би можеле повторно да окупираат делови од земјата за подолг период, како што правеа во 1980-тите и 1990-тите.

Полска ќе гради сопствена ракетна индустрија за „Патриот“ системите

Полска сè поактивно инсистира странските воени набавки да доведуваат до трансфер на технологија и развој на домашната одбранбена индустрија, наместо создавање долгорочна зависност од странски производители.

To top