Свет

Татко и син уапсени за шпионажа во Украина

Сакале да украдат доверлива документација за украинскиот ракетен систем РК-360МЦ „Нептун“

Одделот за контраразузнавање на Украинската безбедносна служба (СБУ) уапси двајца кинески државјани во Киев поради обид за кражба на доверлива документација за украинскиот ракетен систем РК-360МЦ „Нептун“, објавија украинските медиуми.

Според  истрагата, еден од приведените е 24-годишен поранешен студент на Техничкиот универзитет во Киев, кој останал во Украина откако бил избркан во 2023 година поради слаб академски успех.

Другиот осомничен е неговиот татко, кинески државјанин кој живее во Кина, но често патувал во Украина за лично да ги координира шпионските активности на својот син, објави СБУ.

Поранешниот студент наводно имал задача да добие техничка документација за развојот и производството на ракетата Нептун. За таа цел, тој се обидел да регрутира украински државјанин со пристап до чувствителни воени технологии, објави СБУ, а пренесе Индекс.хр.

Службениците за контраразузнавање на СБУ го идентификувале на почетокот од операцијата и го уапсиле на дело додека собирал доверливи материјали.

Неговиот татко бил исто така уапсен кратко потоа, додека се подготвувал да ги пренесе собраните информации на кинеските разузнавачки служби.

За време на операцијата беа спроведени претреси, а меѓу пронајдените докази беа мобилни телефони со пораки што потврдуваат договори и координација на шпионски активности меѓу татко и син, соопшти СБУ.

Врз основа на собраните докази, на двајцата мажи официјално им беше доставено известување за сомневање за шпионажа, согласно член 114, став 1 од Кривичниот законик на Украина. Доколку бидат прогласени за виновни, тие се соочуваат со затворска казна до 15 години и конфискација на имот, се заклучува во соопштението.

Инаку, RK-360MC „Нептун“ е украинска крстосувачка ракета противбродска, развиена од дизајнерското биро Луч со седиште во Киев. Таа е базирана на советската ракета H-35, но со подобрувања во дострелот, електрониката и системот за водење. Наменета е за уништување на површински воени бродови и транспортни бродови до 9.000 тони депласман, без разлика дали се движат во конвој или самостојно.

Ракетата има дострел до 300 километри и носи боева глава со тежина од 150 килограми. Стапи во оперативна употреба во 2021 година, а познато е по тоа што беше употребен за потопување на рускиот крстосувач „Москва“ во 2022 година, што означи значаен успех за украинските вооружени сили во одбраната на Црното Море.

Најнови вести од: Свет

Зеленски: Ограничувањето за напади врз руските рафинерии веќе не важи

Тој ја критикуваше подготвеноста на Вашингтон да склучува деловни договори со Москва, како и очигледното восхитување на американскиот претседател Доналд Трамп кон рускиот претседател, пренесува „Фајненшел тајмс“

Ле Пен: Урсула Лаен ја изгуби довербата на европските влади, во прашање е нејзиниот опстанок на чело на ЕУ!

Марин Ле Пен, една од водечките личности на француската партија Национално собирање и кандидатка за претседател на Франција, изјави дека претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен, повеќе нема доверба кај многу влади на земјите-членки на Европската унија. Според Ле Пен, со тоа се доведува во прашање политичкиот опстанок на Лаен на чело на извршната власт на ЕУ.

To top