Свет

Тони Блер: Вратете ја Британија во ЕУ

Актуелниот премиер Енди Барнам треба да се заложи за повторно пристапување на Обединетото Кралство кон Европската Унија во текот на наредните 10 години, бара екс-прмиерот

 

Тој го повика актуелниот премиер да се залага за структуриран однос со блокот и да се откаже од пристапот на Кир Стармер, кој се одликуваше со делумни и неповрзани чекори во односите со ЕУ, пренесува „Индипендент“

Според него, враќањето на полноправното членство во Единствениот пазар и Царинската унија би било грешка.

Наместо тоа, Блер смета дека Барнам треба да цели кон пристапување кон значително реформирана ЕУ – проследено со внатрешни реформи во самиот блок – што би можело да ја трансформира Европа во суперсила способна да им конкурира на САД и Кина.

Блер верува дека одлуката на ЕУ да ја покани Канада да стане придружна членка покажува нова флексибилност во односите меѓу Унијата и земјите кои не се нејзини членки.

Коментарите на Блер го зголемуваат притисокот врз актуелниот премиер да му даде приоритет на воспоставувањето нов однос со Европа и сериозно да ја разгледа можноста за повторно пристапување кон ЕУ.

Најнови вести од: Свет

Родители во САД го тужат Гугл: „Нашата 13-годишна ќерка Ема планираше самоубиство со помош на вештачка интелигенција!“

Родители на 13-годишно девојче го тужат Гугл, тврдејќи дека нивната ќерка ја користеше технологијата за вештачка интелигенција на компанијата, преку училиштен компјутер, за да испланира самоубиство и сопствен погреб. Тужбата, поднесена во понеделникот, на 2 ноември, пред суд во Калифорнија, се смета за прв случај во кој Гугл се обвинува за невнимание во врска со функциите за пребарување базирани на вештачка интелигенција, кои се достапни на училишните уреди „Chromebook“, пишува Euronews.

To top