Свет

Трамп дозволил украински напади драбоко во руска територија!?

Американскиот претседател сè уште не дал согласност за продажба на ракети „Томахавк“ на Киев

Американскиот претседател Доналд Трамп ѝ дозволил на Украина да започне напади со долг дострел врз Русија, изјави неговиот специјален претставник Кит Келог.

„Мислам дека, читајќи сè што кажа, што кажаа потпретседателот Венс и државниот секретар Рубио, одговорот е да. Искористете ја можноста за да започнете напади со долг дострел. Нема безбедни засолништа“, рече тој.

Келлог не прецизираше дали овластувањето е за напади со американско оружје.

Трамп претходно се спротивстави на Украина да започне напади со западно оружје на руска територија.

Непосредно пред тоа, потпретседателот на САД Џ.Д. Венс потврди дека Украина побарала од САД да ѝ продадат ракети Томахавк.

„Секако разгледуваме многу барања од Европејците. Прашањето за Томахавк се разгледува во моментов, но последниот збор го има претседателот Трамп“, рече тој во програмата на Фокс њуз Сандеј. Келог истото го кажа.

Томахавкот има дострел од 2.500 км, што е повеќе од кое било оружје дадено на Украина досега.

Најнови вести од: Свет

Зошто светската енергетска криза ќе трае долго?!

Дури сега светот ќе се соочи со недостиг од нафта, бидејќи Иран во меѓувреме ефикасно го блокираше Ормускиот теснец, клучна поморска рута низ која поминува петтина од светските потреби за нафта, како и големи количини течен природен гас.

Бивш амбасадор на САД: Војната со Иран е стратешка грешка од историски размери

Иво Далдер нагласи дека изјавите на Трамп, во кои тој објавува дека САД можеби нема да ги бранат сојузниците од идна воена агресија од страна на Русија или други противници, ја дестабилизираа алијансата и го потресоа глобалниот поредок

Најнови вести

To top