Свет

Трамп го пофали Зеленски: „Храбар е“

Мора да му се оддаде признание. Погледнете, мора да се каже дека е храбар. Има одлична опрема, но има и одлични луѓе. Има борци“, оценува американскиот претседател

Американскиот претседател Доналд Трамп јавно го пофали украинскиот претседател Володимир Зеленски, велејќи дека Украина се брани и дека нејзиниот лидер е храбар.

Ваквата изјава е во спротивност со неговоите претходни критики и „разочараност“ од украинскиот претседател…

За време на заедничката прес-конференција со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во Белата куќа, новинарите го прашаа Трамп дали мисли дека Зеленски ја добива војната во моментов, со оглед на тоа што американскиот претседател е познат по тоа што претпочита „победници“.

Трамп разочаран од Зеленски

„Па, тој се справува доста добро. Погледнете, како и да го гледате, тој се справува доста добро. Барем се држи. Има многу луѓе што умираат од двете страни, но мислам дека се справува доста добро. Мора да му се оддаде признание. Погледнете, мора да се каже дека е храбар. Има одлична опрема, но има и одлични луѓе. Има борци“, рече Трамп.

Од своја страна, украинскиот претседател вели дека „Русија ќе биде принудена да потпише мировен договор“

Украина спроведува „внимателно пресметана операција“ на Крим и, со поддршка на партнерите, постои можност да се изврши притисок врз Русија да потпише мировен договор, рече Зеленски во циноќешното обраќање, пренесува Укринформ.

„Нашата операција, вклучително и онаа во врска со Крим, е внимателно пресметана, а начинот на кој се развива операцијата целосно докажува: ако Украина добие точно она што го разговаравме со нашите партнери во рамките на Г7 – а тоа зависи од одлуката на партнерите – ние брзо ќе создадеме услови што ќе ја принудат Русија да избере мир. Ние многу очекуваме позитивен одговор од нашите партнери – тие точно знаат што се подразбира“, рече тој.

Зеленски објасни дека партнерите на Украина јасно разбираат што се случува.

„Нашата војска моментално уништува цели што ги поддржуваат воените напори на Русија и на привремено окупираната територија на Украина и на сопствената територија на Русија – токму работи што ја прават оваа војна и руската агресија возможна“,  рече украинскиот претседател.

Најнови вести од: Свет

Речиси половина од Германците се за укинување на помошта за Украина

Дури 49 отсто, сакаат да се намали или целосно да се укине помошта за Украина, покажуваат резултатите од анкетата што денеска ги објави агенцијата за истражување на јавното мислење „Југов“, спроведена за германскиот неделник „Велт ам Зонтаг“

Трамп објави кои му се пријатели!

Истовремено објави две фотографии — на едната се прикажани Јосиф Сталин, Френклин Делано Рузвелт и Винстон Черчил како седат на веранда, а на другата се Путин, Си и Трамп како позираат стоејќи — и пропратен со натписот: „Големите сили — 1945, 2026“

Aмериканските технолошки акции потонаа – најлоша недела од кризата со Kовид-19

Инвеститорите повеќе не предвидуваат целосно зголемување од четвртина поен на состанокот на Федералните резерви во декември, неколку дена откако гувернерот Кристофер Волер шпекулираше дека централната банка би можела да испорача џамбо зголемување од 0,5 процентни поени.

Најнови вести

To top