Свет

Трамп го прифати „боингот“- подарок од Катар

САД прифатија донирацијата од Катар, луксузен авион „боинг“ кој треба да биде дел од идната флота на „Air Force One“, предизвикувајќи бран критики – дури и меѓу блиските поддржувачи на претседателот Доналд Трамп. „Министерот за одбрана го прифати „Боингот 747“ од Катар во согласност со сите федерални закони и прописи“, изјави вчера портпаролот на Пентагон, […]

САД прифатија донирацијата од Катар, луксузен авион „боинг“ кој треба да биде дел од идната флота на „Air Force One“, предизвикувајќи бран критики – дури и меѓу блиските поддржувачи на претседателот Доналд Трамп.

„Министерот за одбрана го прифати „Боингот 747“ од Катар во согласност со сите федерални закони и прописи“, изјави вчера портпаролот на Пентагон, Шон Парнел.

Авионот, кој доаѓа од флотата на катарското кралско семејство, вреди околу 400 милиони долари и ќе мора да претрпи обемна модернизација, вклучително и безбедносни подобрувања, пред да се користи за претседателски транспорт.

Белата куќа инсистира дека подарокот е легален, но веста за трансферот на авионот, објавена минатата недела, предизвика големи политички контроверзии.

Подарокот доаѓа во време кога американскиот Устав, во таканаречената клаузула за плати, конкретно им забранува на владините службеници да прифаќаат подароци од странски влади без одобрение од Конгресот – а во овој случај, такво одобрение не беше побарано ниту дадено.

Претседателот Трамп тврди дека сè е легално бидејќи авионот е предаден на Министерството за одбрана, а не нему лично.

Тој исто така нагласи дека нема да го користи авионот по завршувањето на неговиот мандат, туку дека ќе биде префрлен во неговата претседателска библиотека.

Трамп: Не сум глупав да одбијам бесплатен авион

Најнови вести од: Свет

ЕУ знае како да возврати удар на царините на САД кои предизвикаа бура реакции

Трамп ја потпиша наредбата, која треба да стапи на сила на 24 февруари за 150 дена, а со која се наметнуваат „глобални“ царини од 10 проценти, кои тој во саботата објави дека ќе ги зголеми на 15 проценти, со ретки исклучоци за фармацевтски производи и увоз опфатени со договорот меѓу САД, Мексико и Канада, пренесуваат светските медиуми.

Трамп потпиша глобална царина од 10% откако Врховниот суд ги поништи царините како неуставни

Конгресната истражувачка служба, која обезбедува законодавни истражувања и анализи за законодавците, објасни: „Член 122 од Законот за трговија од 1974 година му наложува на претседателот да преземе мерки што може да вклучуваат привремена царина кога тоа е неопходно за справување со ‘големи и сериозни дефицити во платниот биланс на САД или одредени други ситуации што претставуваат ‘фундаментални проблеми во меѓународните плаќања’.

To top