Свет

Трамп и Хамнеи се силат еден на друг на интернет

Додека Израел и Иран разменуваат оган во последните денови, американскиот претседател Доналд Трамп и иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи разменуваат пораки на социјалните мрежи. Трамп објави на Truth Social дека САД имаат „целосна и тотална контрола врз воздушниот простор над Иран“. Тој, исто така, упати лична закана до Хамнеи: „Знаеме точно каде се крие […]

Додека Израел и Иран разменуваат оган во последните денови, американскиот претседател Доналд Трамп и иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи разменуваат пораки на социјалните мрежи.

Трамп објави на Truth Social дека САД имаат „целосна и тотална контрола врз воздушниот простор над Иран“. Тој, исто така, упати лична закана до Хамнеи:
„Знаеме точно каде се крие таканаречениот „врховен лидер“. Тој е лесна цел, но таму е безбеден – нема да го извадиме (убиеме!), барем не засега“.

Трамп додаде дека „нашето трпение е при крај“ и ја заврши објавата со зборовите: „БЕЗУСЛОВНО ПРЕДАВАЊЕ!“

Сепак, нема индиции од Техеран дека ова ќе се случи.

Во серија објави на X, на различни јазици, Хамнеи дека Иран „никогаш нема да се помири со ционистите“.

„Нема да покажеме милост кон ционистите“, гласи преводот на една од објавите. Во друга, тој објави: „Битката започнува“.

Најнови вести од: Свет

Кој ќе биде „газда“ на Гренланд?

Се очекува, Трамп да потпише договор чија цел е зголемување на военото присуство на САД на Гренланд и ограничување на присуството на геополитичките противници. Претставнициуте на Данска и на Гренланд се надеваат дека договорот ќе стави крај на претходните изјави на Трамп во кои тој сугерираше дека би можел да го преземе Гренланд со сила

(Видео): Отишол на училиште со ловџиска пушка и пукал – во Турција има ранети, напаѓачот е приведен

На социјалните мрежи се појавија првите видео снимки од напаѓачот кој со ловџиска пушка отвори оган во училиштето „Инчи Узмез“ во Маниса, на западот од Турција. Во инцидентот, според непотврдени информации, се повредени најмалку осум ученици, од кои еден е во критична состојба.

To top