Свет

Трамп: Ирска може да се обедини и сега! – Ирски реакции: За иднината на земјата одлучуваат граѓаните, а не странски државници!

Лидерите на унионистичките партии во Северна Ирска упатија низа критики до американскиот претседател Доналд Трамп, откако тој изјави дека „би сакал да види“ обединета Ирска. Тие му порачаа на Трамп дека „за уставната иднина на земјата ја одлучуваат исклучиво нејзините граѓани, а не странски државници“, пренесоа британските медиуми.

Остри реакции во Белфаст по изјавите на Трамп за обединување на Ирска

За време на заедничката прес-конференција со ирскиот премиер Михол Мартин во Даблин Трамп изјави дека обединувањето „на крајот ќе се случи, па може да се случи и сега“. Подоцна, на приемот во резиденцијата на американскиот амбасадор во Ирска, одговарајќи на прашање од новинарите на ПА Медија, Трамп додаде: „Тие секогаш ме прашуваат: „Што мислите за обединувањето на Северна Ирска и Ирска?“ Одговорив дека би било многу кул. Искрено, мислам дека би било кул“.

Лидерот на Демократската унионистичка партија (ДУП) Гевин Робинсон, порача дека Трамп „подобро од повеќето знае дека изборите се важни“. „Уставната иднина на Северна Ирска ќе ја одредат граѓаните на Северна Ирска, а не коментарите од Лондон, Даблин или Вашингтон. Северна Ирска е дел од Велика Британија, зашто тоа е  утврдената демократска волја на нејзиниот народ. Уверен сум дека Северна Ирска и понатаму ќе ја избира Велика Британија и безбедноста што  ја нуди таа. Како унионисти, не сме заинтересирани за уништување на нашата земја преку обединување со Република Ирска.“ –  напиша Робинсон на општествената мрежа икс.

Лидерот на десничарскиот Глас на традиционалните унионисти (ТУВ) Џим Алистер, изјави дека Трамп „не е првиот американски претседател, кој се меша во работи, што не го засегаат. Алистер дополни дека „Северна Ирска не е пион во судирот на Трамп со Велика Британија“. „Уставната иднина на Северна Ирска не зависи од Трамп, или од кој било друг странски државник.“ – напомна Алистер.

Лидерот на Улстерската унионистичка партија (УУП) Џон Бароус оцени дека американскиот претседател, исто како и сите други, има право на сопствено мислење, но нагласи дека „единствени релевантни се граѓаните на Северна Ирска“. – Тоа е принципот на согласност, кој е утврден со закон преку Белфастскиот договор, договорен со посредство на УУП. САД биле и остануваат важен сојузник, од Втората светска војна и глобалната борба против тероризмот до одбраната на демократијата, а американските компании согледуваат дека нашата работна сила е меѓу најдобрите во светот. Но, кога сè ќе се каже и направи, иднината ќе ја одлучат граѓаните. Уверен сум дека Северна Ирска е попросперитетна и посигурна во рамките на Велика Британија и оти  таму ќе остане – изјави Бароус.

Изјавите на Трамп предизвикаа и политички иронизирања во Северна Ирска. Поранешниот лидер на Социјалдемократската и лабуристичка партија (СДЛП), Колум Иствуд, кој инаку е отворен критичар на Трамп, објави снимка од изјавата со коментар: „Отсекогаш ми се допаѓал“. На ова реагираше членот на УУП, Роби Батлер, укажувајќи на лицемерието кај дел од политичарите. – Со години ни велат дека овој претседател е неприфатлив – неговиот карактер, неговото однесување, неговиот став кон Газа. Некои од оние што сега му аплаудираат ја бојкотираа Белата куќа поради тоа. Една реченица за обединета Ирска и тој очигледно станува државник со ретка визија. Изгледа дека неговата проценка е исправна само за една тема, онаа што случајно им одговара. Селективноста е барем доследна – изјави Батлер.

Реакциите доаѓаат во сложена политичка атмосфера. Водечките унионистички партии ДУП и УУП досега одржуваа соработка со Трамп, додека републиканската партија Шин Фејн во изминатите две години го бојкотираше традиционалното патување во Вашингтон за Денот на Свети Патрик поради односот на американската администрација кон Блискиот Исток. Претходно годинава и британскиот премиер Анди Барнам предизвика расправа на островот кога изјави дека референдумот е „надвор од игра“. Според одредбите од Белфастскиот договор од 1998 година, британскиот државен секретар може и е должен да распише референдум доколку се чини веројатно дека мнозинството би гласало за обединување, а за уставната промена потребно е да гласаат и граѓаните на Република Ирска.

Најнови вести од: Свет

Обединети Арапски Емирати Копилотот на „Флај Дубаи“ го нападнал пилотот со секира, се обидел со „терористички“ напад

Копилотот на летот FZ1073 на „Flydubai“ се обиде да изврши „терористички“ напад за време на летот, изјави во саботата главниот обвинител на Обединетите Арапски Емирати, објави државната новинска агенција WAM.

ЕУ воведува нов вид бензин – Е20, горивото треба да го намали европскиот увоз на нафта

Не е сосема јасно кои возила се прилагодени за E20. Се претпоставува дека повеќето современи бензински мотори би можеле да го користат без тешкотии, а за некои понови модели на BMW веќе има одобренија за поголеми пропорции на етанол.

Осуденичка на смрт преживеа обид за погубување откако ѝ беа дадени две смртоносни дози

Повеќе од 40 минути по втората доза, таа сè уште покажувала знаци на живот, по што била пренесена во болница, а нејзините адвокати тврдат дека нов обид за егзекуција би покренал прашања во врска со забраната за сурови и необични казни, содржана во Осмиот амандман од америкнскиот устав

Најнови вести

To top