Свет

Трамп испраќа Национална гарда во Чикаго

„Претседателот нема да затвора очи пред беззаконието што ги зафати американските градови“, нагласи портпаролот на Белата куќа.

 

Претседателот на САД, одлучи да испрати 300 војници на Националната гарда за да го вратат редот во Чикаго, Илиноис,јавуваат медиуми.

„Со оглед на тековните немири и беззаконие што локалните лидери … одбиваат да ги спречат, претседателот Трамп овласти 300 војници на Националната гарда да ги заштитат федералните вработени и имотот“, ја цитираа медиуми прес-секретарката на Белата куќа, Абигејл Џексон.

„Претседателот нема да затвора очи пред беззаконието што ги зафати американските градови“, нагласи портпаролот на Белата куќа.

Гувернерот на Илиноис, Џ.Б. Прицкер, демократ, остро ја критикуваше одлуката на претседателот.

„Апсолутно е скандалозно и неамерикански да се бара од гувернерот да распореди трупи во нашата сопствена држава и против нашата волја“, рече Прицкер.

Трамп претходно предложи градови како Лос Анџелес, Њујорк, Чикаго и Балтимор да станат „зони без криминал“ како Вашингтон, откако ќе го стават под федерална контрола.

Потоа навести дека Чикаго „ќе биде следниот“ што ќе биде безбеден.

Градоначалникот на Чикаго, Брендон Џонсон, возврати со потпишување на извршна наредба „за борба против репресијата“ од страна на американскиот претседател Доналд Трамп.

Извршната наредба на Џонсон им забранува на федералните службеници за спроведување на законот да носат маски и да ги покриваат лицата.

Најнови вести од: Свет

Кој ќе биде „газда“ на Гренланд?

Се очекува, Трамп да потпише договор чија цел е зголемување на военото присуство на САД на Гренланд и ограничување на присуството на геополитичките противници. Претставнициуте на Данска и на Гренланд се надеваат дека договорот ќе стави крај на претходните изјави на Трамп во кои тој сугерираше дека би можел да го преземе Гренланд со сила

(Видео): Отишол на училиште со ловџиска пушка и пукал – во Турција има ранети, напаѓачот е приведен

На социјалните мрежи се појавија првите видео снимки од напаѓачот кој со ловџиска пушка отвори оган во училиштето „Инчи Узмез“ во Маниса, на западот од Турција. Во инцидентот, според непотврдени информации, се повредени најмалку осум ученици, од кои еден е во критична состојба.

To top