Свет

Трамп: „Не сакам да купуваат руска нафта“

Трамп постојано ѝ се заканува на Русија со дополнителни санкции и ги обвини европските сојузници дека „меко“ се однесуваат кон Москва

Американскиот претседател Доналд Трамп ја обвини Европа дека купува руска нафта и рече дека сојузниците од Северноатлантската алијанса (НАТО) се однесуваат „меко“ кон Москва, и покрај тековната војна во Украина.

Тој ги повика европските сојузници да „ги заострат своите санкции“ кон Русија, заедно со САД.

„Европа купува нафта од Русија. Не сакам тие да купуваат нафта – а санкциите што ги воведуваат не се доволно строги“, им рече Трамп на новинарите, пренесе Ен-Ди-Ти-Ви

Американскиот претседател нагласи дека Вашингтон е подготвен да воведе построги санкции кон Москва, само ако Европа дејствува на начин „пропорционален“ на САД.

„Подготвен сум да воведам санкции, но тие ќе мора да ги заострат своите санкции за да бидат соодветни на она што го правам“, инсистираше тој.

„Јасно ставам до знаење дека нема да продолжите напред додека НАТО не преземе акција. Јас сум подготвен продолжиме напред, но и тие мора да го сторат тоа.

Но, во моментов тие зборуваат, а не прават ништо. Гледајте, тие купуваат нафта од Русија.

Ние не купуваме нафта од Русија. Тие купуваат многу нафта од Русија. Тоа не е договорот“, рече Трамп.

 

Најнови вести од: Свет

Цената на златото и среброто во слободен пад, на што се должи тоа?!

Цената на златото вчера се намали за 2 проценти и достигна околу 4.570 долари за унца, со што е на пат да го достигне најголемиот неделен пад од 1983 година. Ова се случи откако ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток ги зголеми цените на енергијата нагло и ги поткопа надежите за краткорочно намалување на каматните стапки, објави Трејдинг економикс.

Техеран вели дека џабе се олабавени санкции од САД

Аналитичарите велат дека таквите потези ќе имаат мало влијание врз цените сè додека Ормускиот теснец, клучен канал за околу 20 проценти од светската нафта и течен природен гас, останува затворен. Бесант рече дека привременото укинување на санкциите треба да помогне во ублажување на порастот на цените на нафтата, кои скокнаа за околу 50 проценти на над 100 долари за барел, највисоко од 2022 година, додека САД се подготвуваат за среднорочните избори во ноември.

Привремено укинување на санкции за иранската нафта – САД попушта

Иако мерката е временска и ограничена, таа претставува јасен сигнал дека Вашингтон е подготвен на прагматични отстапки на енергетски план, дури и кон држави под санкции, доколку тоа значи стабилизација на глобалниот пазар и заштита од нов ценовен шок. 

Авиокомпанијата кажа дека ги поскапува летовите

Компанијата, како и неколку европски компании, ги суспендираа летовите до погодените региони до крајот на април, меѓу кои се Ербил и Багдад (Ирак), Тел Авив (Израел), Бејрут (Либан), Ријад и Џеда (Саудиска Арабија) и Абу Даби и Дубаи (ОАЕ).

Благ пад на ценaта на нафтата, на што се должи тоа?!

Војната со Иран, која влегува во третата недела, ги зголеми цените на енергијата и ги зголеми стравувањата од глобална инфлација. Загриженоста за снабдувањето со нафта и гас, исто така, расте, со оглед на тоа што Ормутскиот теснец, клучен воден пат за снабдување со енергија меѓу Иран и Оман, е во голема мера затворен.

To top