Свет

Трамп: Орбан не доби ослободување од санкциите за руската нафта (ВИДЕО)

Унгарија тврди дека замена на руската нафта од некој друг извор би предизвикала економска криза

Американскиот претседател потврди дека унгарскиот премиер Виктор Орбан побарал од Вашингтон ослободување од новонајавените санкции насочени кон рускиот нафтен сектор.

„Претседателот побара ослободување. Ние не одобривме, но тој го побара. Тој е мој пријател“, изјави Трамп.

Орбан, близок сојузник на Трамп, кој се очекува да го посети Вашингтон следната недела на неговата прва билатерална средба со американски претседател откако Трамп се врати на власт во јануари, претходно објави дека ќе бара ослободување.

„Мораме да ги натераме Американците да ја разберат оваа чудна ситуација ако сакаме ослободување од санкциите на САД што влијаат на Русија“, рече Орбан во интервју за државното радио.

Иако повеќето земји-членки на ЕУ во голема мера го укинаа увозот на руски фосилни горива од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, Унгарија и Словачка продолжија да добиваат пратки преку нафтоводи. Будимпешта дури и го зголеми уделот на руска нафта, тврдејќи дека замена со нафта од друг извор би предизвикала економска криза.

Минатата недела, администрацијата на Трамп најави санкции против руските државни нафтени гиганти „Роснефт“ и „Лукоил“. Ова се мерки што би можеле да ги изложат нивните странски клиенти, вклучително и клиенти во Индија, Кина и Централна Европа, на секундарни санкции.

Најнови вести од: Свет

Јапонските средношколци што учат македонски јазик во Токио добија вежбанки и книги

Учениците од здружението добиле работни тетратки за вежбање на македонскиот јазик, материјали од „Бушава азбука“, Македонски бајки, како и традиционални омијаге (сувенири) во вид на македонски чоколади и слатки, соопшти Јапонската амбасада

Кремљ ја укинува забраната за ликвидација на Зеленски и военото раководство?

Претставници на безбедносните служби побарале дозвола за физичка елиминација на највисокото воено и политичко раководство на Украина, пишува „Московски комсомолец“, руски весник близок до властите

To top