Свет

Трамп: Ова не е моја војна

Украина, Русија и САД сигнализираа дека се подготвени за преговори во Ватикан, откако новоизбраниот папа Лав Четиринаесетти предложи Ватикан да биде домаќин на нова средба и преговори. За време на обраќањето пред новинарите во Овалната соба, Трамп синоќа изјави дека преговорите во Ватикан „би биле одлична работа“ и дека таквата локација „дополнително би ја нагласила […]

Украина, Русија и САД сигнализираа дека се подготвени за преговори во Ватикан, откако новоизбраниот папа Лав Четиринаесетти предложи Ватикан да биде домаќин на нова средба и преговори.

За време на обраќањето пред новинарите во Овалната соба, Трамп синоќа изјави дека преговорите во Ватикан „би биле одлична работа“ и дека таквата локација „дополнително би ја нагласила важноста на процесот“.

Кремљ, исто така, го поздрави предлогот на Ватикан, но конечната одлука за локацијата сè уште не е донесена, изјави портпаролот Дмитриј Песков.

„Тоа е само една од опциите за можни идни контакти“, додаде тој.

Но, Трамп предупреди дека САД може целосно да се повлечат од учеството доколку нема видлив напредок во преговорите за прекин на огнот.

„Ова не е моја војна“, рече Трамп. „Само се обидувам да помогнам.“

На прашањето дали има „црвена линија“ што би го натерало целосно да се повлече од процесот, тој одговори:

„Да, во мојата глава – но нема да го објавам.“

И додаде: „Да, дефинитивно имам.“

Трамп: Преговорите меѓу Русија и Украина ќе почнат веднаш

Најнови вести од: Свет

На повеќе од 27 илјади лица им е одбиен влез во ЕУ преку новиот систем за гранична контрола!

Од почетокот на етапното воведување на новиот систем за гранична контрола во Европската Унија лани во октомври, на над 27.000 лица им бил одбиен влезот во блокот, соопшти денеска Европската комисија. Меѓу лицата на кои им е забранет влезот, околу 700 претставувале директна закана за безбедноста.

Печатите во пасошите одат во историја: ЕУ од денеска воведува дигитална евиденција за влез и излез

Иако EES е замислен како модернизација на граничниот систем, првите денови покажуваат дека транзицијата нема да помине без нервоза, подолги чекања и потреба од прилагодување.

To top