Свет

Трамп разговараше по телефон со Путин пред средбата со Зеленски

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека имал, како што го опиша, „добар и многу продуктивен“ телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин, непосредно пред закажаниот состанок со украинскиот претседател Володимир Зеленски на Флорида.

Американскиот претседател Доналд Трамп објави на својата социјална мрежа Трут соушал дека разговарал со рускиот претседател Владимир Путин, неколку часа пред средбата со Зеленски што е закажана за денеска во Мар-а Лаго на Флорида.

  • „Тукушто имав добар и многу продуктивен телефонски разговор со претседателот Путин на Русија“, објави Трамп и додаде дека средбата со Зеленски ќе се одржи во главната трпезарија на Мар-а-Лаго и дека новинарите се поканети да присуствуваат.

Кремљ, исто така, потврди дека се одржал разговорот меѓу двајцата лидери. Одделно, во претходна објава, Трамп ја фали улогата на неговата администрација како глобален миротворец, осврнувајќи се на новодоговореното примирје меѓу Камбоџа и Тајланд, и сугерирајќи дека Обединетите Нации биле од „мала помош“ во решавањето на конфликтите, вклучително и Украина.

  • „Можеби Соединетите Американски Држави стануваат вистинските Обединети нации“, напиша Трамп, сугерирајќи дека Вашингтон презема сè поцентрална улога во меѓународната дипломатија.

Средбата со Зеленски се одвива во чувствителен момент, додека на терен продолжуваат борбите и меѓусебните обвинувања меѓу Киев и Москва, а дипломатските сигнали од Вашингтон внимателно се следат и во Европа и пошироко.

Најнови вести од: Свет

Нафтата во Дубаи скокна до небо – се искачи на рекордни 166 долари за барел

Иако глобалното референтно ниво на цените на нафтата растеше побавно отколку во Дубаи или Оман, сепак претрпе силен шок. Од почетокот на војната до среда, цената на нафтата Брент за мај се зголеми за повеќе од 48%. Од почетокот на годината до денес, растот е повеќе од 76%.

Почина Чак Норис на 86 години, откако итно бил хоспитализиран во Хаваи

Американскиот актер познат по своите боречки улоги и шегите за неговата моќ кои беа бесконечни, почина на 86-годишна возраст, потврди семејството: „Со тешко срце нашето семејство ја споделува веста за ненадејното починување на нашиот сакан Чак Норис“.

Нетанјаху вчера тврдеше дека „Исус Христос нема предност над Џингис-кан“ а денес се правда дека „немал намера да го навреди Исус Христос“!

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека „немал намера да го навреди Исус Христос“ во своето телевизиско обраќање, откако неговите зборови за војната со Иран предизвикаа негативни реакции во јавноста.  Во говорот одржан синоќа, Нетанјаху посочи дека „историјата покажува дека Исус Христос нема предност над Џингис-кан, бидејќи ако сте доволно силни, немилосрдни и моќни, злото може да го надвладее доброто“. Тој нагласи дека станува збор за толкување на историчарот Вил Дјурент, а не за негов личен став.

To top