Свет

Трамп: САД ќе ја водат Венецуела „привремено“, Мадуро веќе е пренесен во Њујорк(ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп ја опиша воената операција што Соединетите Американски Држави ја спроведоа во главниот град на Венецуела како „извонредна“, истакнувајќи дека акцијата била извршена по негова директна наредба и траела во текот на ноќта и утринските часови.

Американскиот претседател Доналд Трамп ја опиша воената операција што Соединетите Американски Држави ја спроведоа во главниот град на Венецуела како „извонредна“, истакнувајќи дека акцијата била извршена по негова директна наредба и траела во текот на ноќта и утринските часови.

Во своето обраќање, Трамп нагласи дека американската воена моќ била „преовладувачка“, со истовремено дејство од воздух, копно и море. Според него, оваа операција демонстрира целосна воена супериорност и одлучност на САД.

Трамп го нарече Николас Мадуро „диктатор“, директно обвинувајќи го дека бил дел од нарко-мафија, при што поради неговите активности умреле илјадници луѓе од дрога што се дистрибуирала по улиците. Тој соопшти дека Мадуро е пренесен во Њујорк, каде што ќе се одлучи за неговата иднина.

„Ние ќе ја водиме земјата некое време додека не дојде до правилна транзиција на власта. Ние носиме мир, слобода и правда во Венецуела“, изјави Трамп, без да прецизира колку долго би траела евентуалната американска контрола и под каков мандат.

Тој потоа додаде „Подготвени сме за втора фаза ако е потребно“. Трамп им честиташе на сите учесници во воената операција во Венецуела.

Оваа изјава доаѓа по серијата експлозии во Каракас и објавата на Трамп за заробувањето на Мадуро, што предизвика меѓународни реакции и зголемени тензии во регионот.

Целото вонредно обраќање на Доналд Трамп погледнете го подоле

Најнови вести од: Свет

Цената на нафтата на најниско ниво во последниве два месеци

Јужнокорејскиот KOSPI скокна за 7,4 проценти, јапонскиот Nikkei за 2,7 проценти, кинескиот CSI300 за 1 процент, додека хонгконшкиот Hang Seng порасна за 1,3 проценти. Волстрит, исто така, порасна, при што сите три главни индекси ги забележаа своите најголеми дневни добивки од април.

Илон Маск: Работи што малкумина ги знаат за човекот кој сака да го промени светот

Откако на берзата во Њујорк почнаа да се тргуваат акциите на SpaceX, богатството на еден од најбогатите луѓе во светот – Илон Маск, стана првиот билионер во светот. Неговото богатство сега во голема мера на хартија, со малку средства надвор од удели во неговите сопствени компании, изнесува фантастични 1,05 билиони долари или приближно како домашниот бруто-производ на Швајцарија. Доколку неговите 14 деца наследат еднакви делови од неговиот имот би се рангирале на 29. место меѓу најбогатите поединци во светот.

To top