Свет

Трамп „се мисли“ дали да воведе санкции за Русија

Американскиот претседател изјави дека сè уште не одлучил дали да воведе санкции врз Русија, кои ги разгледува американскиот Сенат. Сенатot разгледува закон со кој би се вовеле строги санкции врз Русија, како и секундарни санкции врз земјите што тргуваат со Русија, поради војната во Украина. „Не сум одлучил да ги употребам“, изјави Трамп пред новинарите […]

Американскиот претседател изјави дека сè уште не одлучил дали да воведе санкции врз Русија, кои ги разгледува американскиот Сенат.

Сенатot разгледува закон со кој би се вовеле строги санкции врз Русија, како и секундарни санкции врз земјите што тргуваат со Русија, поради војната во Украина.

„Не сум одлучил да ги употребам“, изјави Трамп пред новинарите на авионот „Ер Форс Уан“ во петокот.

„Ќе ги употребам доколку е потребно“.

Во четврток, Трамп и германскиот канцелар Фридрих Мерц се сретнаа за прв пат во Белата куќа.

На прашањето дали ќе го зголеми притисокот врз Русија, Трамп рече: „Јас сум тој што го запре „Северниот тек 2“, кога отидов во Германија – сега кога размислувам за тоа, можеби ќе зажалам – но јас го запрев, никој друг не го стори тоа“.

На прашањето дали ќе воведе нови санкции врз Русија, Трамп рече дека би бил „многу, многу строг“ ако се покаже дека војната нема да заврши наскоро.

Но, тој додаде реплика што би можела да ги загрижи сојузниците на Украина: „Може да биде од двете страни, искрено – потребни се двајца за танго“.

„Ќе бидеме многу строги, без разлика дали станува збор за Русија или за некој друг. Таму се случува крвопролевање“, рече тој, споредувајќи ја ситуацијата со хокеарски натпревар: оставете ги страните малку да се борат, а потоа интервенирајте. Тој додаде дека ситуацијата е сложена:
„Има многу непријателство меѓу овие двајца луѓе, меѓу завојуваните страни, многу омраза.“ – рече Трамп.

Најнови вести од: Свет

Кој ќе биде „газда“ на Гренланд?

Се очекува, Трамп да потпише договор чија цел е зголемување на военото присуство на САД на Гренланд и ограничување на присуството на геополитичките противници. Претставнициуте на Данска и на Гренланд се надеваат дека договорот ќе стави крај на претходните изјави на Трамп во кои тој сугерираше дека би можел да го преземе Гренланд со сила

(Видео): Отишол на училиште со ловџиска пушка и пукал – во Турција има ранети, напаѓачот е приведен

На социјалните мрежи се појавија првите видео снимки од напаѓачот кој со ловџиска пушка отвори оган во училиштето „Инчи Узмез“ во Маниса, на западот од Турција. Во инцидентот, според непотврдени информации, се повредени најмалку осум ученици, од кои еден е во критична состојба.

To top