Свет

Трамп: Со Меланија сме тажни поради болеста на Бајден

Американскиот претседател Доналд Трамп изрази жалење за неговиот претходник, Џо Бајден, на кого му е дијагностициран рак на простата со метастази на коските. „Меланија и јас сме тажни поради неодамнешната медицинска дијагноза на Џо Бајден. Им испраќаме најтопли желби на сопругата на поранешниот претседател, Џил, и на неговото семејство, а на Џо му посакуваме брзо […]

Американскиот претседател Доналд Трамп изрази жалење за неговиот претходник, Џо Бајден, на кого му е дијагностициран рак на простата со метастази на коските.

„Меланија и јас сме тажни поради неодамнешната медицинска дијагноза на Џо Бајден. Им испраќаме најтопли желби на сопругата на поранешниот претседател, Џил, и на неговото семејство, а на Џо му посакуваме брзо и успешно закрепнување“, напиша американскиот лидер.

За време на претседателскиот мандат на Џо Бајден (2021–2025), неговото здравје и когнитивните способности беа предмет на зголемени критики и загриженост, особено во контекст на неговата одлука повторно да се кандидира на изборите во 2024 година.

По слабиот настап на дебатата со Доналд Трамп во јуни 2024 година, Бајден се откажа од трката за втор мандат во јули истата година, поддржувајќи ја тогашната потпретседателка Камала Харис, која потоа ги загуби изборите од Трамп.

 

 

Бајден има рак!

Најнови вести од: Свет

Родители во САД го тужат Гугл: „Нашата 13-годишна ќерка Ема планираше самоубиство со помош на вештачка интелигенција!“

Родители на 13-годишно девојче го тужат Гугл, тврдејќи дека нивната ќерка ја користеше технологијата за вештачка интелигенција на компанијата, преку училиштен компјутер, за да испланира самоубиство и сопствен погреб. Тужбата, поднесена во понеделникот, на 2 ноември, пред суд во Калифорнија, се смета за прв случај во кој Гугл се обвинува за невнимание во врска со функциите за пребарување базирани на вештачка интелигенција, кои се достапни на училишните уреди „Chromebook“, пишува Euronews.

To top