Свет

Трамп: Сојузниците се кукавици, а НАТО е „тигар од хартија“ без САД!

„Без САД НАТО е тигар од хартија!“ – изјави денеска американскиот претседател Доналд Трамп и им порача на членовите на НАТО – Алијансата: „Кукавици, ќе ви го запомниме ова!“

„Тие не сакаа да ни се придружат во борбата да го спречиме Иран да се здобие со нуклеарно оружје. Сега кога е извојувана воена победа, со многу мала опасност за нив, тие се жалат на високата цена на нафтата, што мора да ја платат, и не сакаат да помогнат во отворањето на Хормускиот теснец.“ – напиша Трамп на својата социјална мрежа „Општествена вистина“ („Truth Social“).

„Толку лесно им е да го направат тоа, со толку мала опасност. Кукавици, ние ќе ви го запомниме тоа!“ – порача американскиот претседател.

Според Трамп, станува збор за „едноставен воен маневар за отворање на Хормускиот залив“, што била „единствената причина за високите цени на нафтата“.

Најнови вести од: Свет

Зеленски: „Деновите на безбедност на руското небо се завршени“

Ги предупреди меѓународните авиокомпании и осигурителите компании дека интензивирањето на нападите со украински дронови ќе го направи рускиот воздушен простор сè поопасен и би можело ефикасно да доведе до негово затворање

За три дена Џорџија Мелони ќе стане „најдолговечниот премиер“ во историјата на Италија

Во земја некогаш синоним за политичка нестабилност, првата жена премиер ќе ја води истата италијанска влада 1.413 дена, еден ден подолго отколку што Силвио Берлускони успеа во текот на неговите четири мандати

To top