Свет

Трамп: Во Украина многу се гине, сакам тоа да престане

Она што го правиме е инвестирање време од хумани причини. Сакаме да видиме дали можеме да го спречиме убивањето

 

Претседателот на САД, Доналд Трамп, повторно коментираше за разговорите меѓу Украина и Русија и улогата на САД во нив, по новите прашања за тоа дали Вашингтон ќе остане вклучен во напорите за постигнување мировен договор.

На прашањето дека се уште нема мировен договор и дали неговата администрација ќе остане вклучена во тие разговори за да се обиде да постигне мировен договор, Трамп со одговор:

„Само сакаме убивањето да престане… Имаме одлична ситуација таму, освен еден проблем. Многу луѓе умираат и сакам да престане. Претежно украински војници и руски војници. Минатиот месец загинаа 27.000 војници. Претежно војници. Исто така, неколку луѓе од ракети што паѓаат во центарот на Киев или каде било, што е ужасна работа, но претежно војници…“

Тој, исто така, зборуваше за улогата на НАТО во снабдувањето на Украина со оружје.

„Како што знаете, сега продаваме опрема на НАТО по полна цена, а НАТО ја зема таа опрема и веројатно ѝ ја дава на Украина. Претпоставувам дека можат да им ја дадат на други, но најчесто ѝ ја даваат на Украина. И тие работат со Украина за дистрибуција на опрема, ракети итн.“

„Нашата улога не е во финансирањето на украинската одбрана, туку во хуманитарното посредување“

Тој истакна дека САД, според него, во моментов не носат финансиски товар.

„Но, ние не трошиме пари. Она што го правиме е инвестирање време од хумани причини. Сакаме да видиме дали можеме да го спречиме убивањето.“

Притоа, Трамп уште еднаш нагласи дека улогата на САД, како што тој ја гледа, не е во финансирањето на украинската одбрана, туку во „хуманитарното“ посредување кое, тврди тој, би го спречило убивањето војници од двете страни.

Најнови вести од: Свет

Новиот врховен лидер на Иран има тешки повреди на лицето и нозете

Локацијата, состојбата и способноста на Хамнеи да владее сè уште во голема мера остануваат мистерија за јавноста, без објавена фотографија, видео или аудио снимка од него по воздушниот напад и неговото последователно назначување за замена на неговиот татко на 8 март

To top