Свет

Трамп за Судот кој ги блокираше царините: Ме мразат мене или Америка

Американскиот претседател Доналд Трамп ја критикуваше пресудата на Трговскиот суд со која се утврди дека тој ги пречекорил своите овластувања со наметнувањето на најшироките царини досега, нарекувајќи ја погрешна и изразувајќи надеж дека Врховниот суд ќе ја поништи одлуката. „Одлуката на Американскиот суд за меѓународна трговија е толку погрешна и толку политичка! Се надеваме дека […]

Американскиот претседател Доналд Трамп ја критикуваше пресудата на Трговскиот суд со која се утврди дека тој ги пречекорил своите овластувања со наметнувањето на најшироките царини досега, нарекувајќи ја погрешна и изразувајќи надеж дека Врховниот суд ќе ја поништи одлуката.

„Одлуката на Американскиот суд за меѓународна трговија е толку погрешна и толку политичка! Се надеваме дека Врховниот суд БРЗО и РЕШИТЕЛНО ќе ја поништи оваа ужасна одлука што ја загрозува земјата“, напиша тој на Truth Social.

Федералниот апелационен суд привремено ги врати царините, суспендирајќи ја одлуката на Судот за меѓународна трговија.

„Американскиот суд за меѓународна трговија донесе неверојатна одлука против Соединетите Американски Држави во врска со многу потребните царини. Но, за среќа, сите 11 судии на Апелациониот суд на САД за Федералниот округ веднаш ја одложија одлуката на Њујоркшкиот суд за меѓународна трговија.

„Од каде доаѓаат тие тројца судии кои ја донесоа првата пресуда? Како можеа да предизвикаат толку голема штета на Соединетите Американски Држави? Дали е тоа само прашање на омраза кон „ТРАМП“? Која друга причина можеа да имаат?

Царините што ги воведе администрацијата на Доналд Трамп, а кои претходно оваа недела беа укинати од Трговскиот суд на САД, привремено ќе бидат вратени додека трае жалбената постапка низ судскиот систем, одлучи Сојузниот жалбен суд.

Одлуката доаѓа откако панел од тројца сојузни судии заклучи дека Трамп ги надминал своите овластувања со воведувањето на глобалните царини, повикувајќи се на закон што овозможува итни мерки во надворешнотрговската политика.

Белата куќа веднаш поднела жалба, а Апелациониот суд одобри привремено одложување на пресудата:

Најнови вести од: Свет

Супербоул 2026: Bad Bunny испорача незаборавно шоу и испрати интересна порака до Американците која не му се допадна на Трамп (ВИДЕО)

Бед Бани (Bad Bunny) го воодушеви светот со својот настап како главна ѕвезда на полувремето на Супербоул LX (2026), кој се одржа на 8 февруари на стадионот Levi’s во Санта Клара, Калифорнија.

Првата македонска аналогна астронаутка Мартина Димоска од Кичево: цели да отвори опсерваторија и лабораторија за вселенски науки, во Западна Македонија!

Живеење во изолирани бази, ограничена комуникација, строго дефинирани мисиски правила и постојано тестирање на човечките и технолошките граници – ова не е научно-фантастичен филм, туку секојдневието на аналогните астронаути, професионалци кои ги симулираат вселенските мисии на Земјата. Една од нив е и Мартина Димоска, Македонка од Кичево, првата жена аналогна астронаутка од Балканот. Аналогните астронаути го отвораат патот на човештвото до Месечината, Марс и другите планетарни тела.

Орбан: Украина е непријател на Унгарија, бараше да не добиваме руски енергетски резерви

„Додека Украина го прави ова, нашиот непријател ги крши нашите основни интереси“, рече Орбан и истакна дека, доколку не беа руската нафта и гас, Унгарија ќе мораше да плаќа неколку пати повисоки цени од сегашните“

Македонското знаме се развеа на ЗОИ 26 во Италија: оптимизам во МОК и меѓу нашите олимпијци за добри резултати од настапите (Видео)

Четворица спортисти ја претставуваат Република Македонија на Зимските олимписки игри 2026 во Италија. Јана Атанасовска е најмладата македонска натпреварувачка и рекордерка во алпско скијање. Ставре Јада е најискусен член на македонскиот олимписки тим, кому ова му е трето учество на Зимски олимписки игри, по настапите на Олимпијадата во 2018 година во Пјонг Чанг, во Јужна Кореја, и на Олимпијадата во 2022 година во Пекинг, во Кина. По настапот на претходната Олимпијада во Пекинг Ана Цветановска повторно ќе ја претставува Македонија во истите нордиски дисциплини. Четвртиот наш натпреварувач е Виктор Петков, кој последен влезе во државниот олимписки тим. Честа да го носат македонското државно знаме на вчерашната официјалната церемонија на отворањето на ЗОИ 2026 ја имаа Атанасовска и Јада.

80-годишен Италијанец под сомнение за учество во „снајперски туризам“ во Сараево

Покренувањето на истрагата во ноември 2025 година предизвика реакции кај преживеаните од опсадата и нивните семејства, кои изразија надеж дека ќе се утврдат одговорностите и ќе се изведат пред правдата лицата вклучени во овие наводни злосторства, дури и по три децении.

To top