Свет

Трамп: Зеленски е „голем човек, Русија е „тигар од хартија“

Украина, со поддршка на Европската Унија и НАТО, може да ја врати целата територија што Русија ја зазеде од почетокот на инвазијата, а и повеќе

Американскиот претседател Доналд Трамп очигледно го смени ставот кон војната во Украина убеден дека Украина, со поддршка на Европската Унија и НАТО, може да ја врати целата територија што Русија ја зазеде од почетокот на инвазијат.

Во објава на неговата „Truth social“ Доналд Трамп велидека земјите од НАТО треба да ги соборуваат руските авиони што го нарушуваат нивниот воздушен простор.

„Откако ја запознав и целосно ја разбрав воената и економската ситуација на Украина и Русија и ги видов економските проблеми што ги создава за Русија, мислам дека Украина, со поддршка на Европската Унија, е во позиција да се бори и да ја врати цела Украина во нејзината оригинална форма. Со време, трпение и финансиска поддршка од Европа, а особено од НАТО, оригиналните граници од каде што започна оваа војна се голема опција. Зошто да не?

Русија води бесмислена војна три и пол години во која вистинска воена сила би требало помалку од една недела да победи. Тоа не е комплимент. Всушност, ги прави да изгледаат како „ тигар од хартија“.

Кога луѓето во Москва и сите големи градови, места и области низ цела Русија ќе дознаат што навистина се случува во оваа војна – фактот дека е речиси невозможно да се добие гас поради долгите редици и сите други работи што се случуваат во нивната воена економија, каде што ги трошат поголемиот дел од своите пари борејќи се против Украина, која има голем дух и станува сè подобра – Украина ќе може да ја врати својата земја во нејзината оригинална форма и, којзнае, можеби дури и повеќе!“

Путин и Русија се во ГОЛЕМИ економски проблеми и сега е време Украина да дејствува. Во секој случај, им посакувам на двете земји се најдобро. Ќе продолжиме да го снабдуваме НАТО со оружје за да може НАТО да прави што сака со тоа оружје. Среќно на сите!“ порача Трамп во објавата, пренесе „Индекс.хр“.

Шефот на САД ја објави оваа порака по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Њујорк, по неговото обраќање на Генералното собрание на Обединетите нации. Во таа прилика, Трамп ретко изрази пофалби за Украина, нарекувајќи го Зеленски „голем човек“ и истакнувајќи дека води „ѓаволски добра борба“.

Најнови вести од: Свет

EES системот повод за нова поделба во ЕУ

Франција, Белгија, Германија, Грција, Италија, Малта, Холандија, Португалија и Швајцарија побараа дополнително време за целосна примена на биометриските проверки на одредени гранични точки, особено на прометните аеродроми

Кој ќе биде „газда“ на Гренланд?

Се очекува, Трамп да потпише договор чија цел е зголемување на военото присуство на САД на Гренланд и ограничување на присуството на геополитичките противници. Претставнициуте на Данска и на Гренланд се надеваат дека договорот ќе стави крај на претходните изјави на Трамп во кои тој сугерираше дека би можел да го преземе Гренланд со сила

(Видео): Отишол на училиште со ловџиска пушка и пукал – во Турција има ранети, напаѓачот е приведен

На социјалните мрежи се појавија првите видео снимки од напаѓачот кој со ловџиска пушка отвори оган во училиштето „Инчи Узмез“ во Маниса, на западот од Турција. Во инцидентот, според непотврдени информации, се повредени најмалку осум ученици, од кои еден е во критична состојба.

To top