Свет

Цената на барел нафта надмина 120 долари

По извештаите во Волстрит џурнал дека американскиот претседател Доналд Трамп им наредил на своите помошници да се подготват за продолжување на сегашната блокада на иранските пристаништа

Цените на нафтата скокнаа по извештаите дека САД се подготвуваат за „продолжена“ блокада на Иран.

Глобалната цена на суровата нафта Брент во вторникот достигна 126 долари за барел, што е највисоко ниво од 2022 година.

Фјучерсите на „брент“ за јуни скокнаа за 6,8% и достигнаа 126 долари за барел, што е највисоко ниво од март 2022 година, на почетокот на Руско-украинската војна.

Договорот за јуни истекува денеска, додека јулските фјучерси пораснаа за 3,4% на 114,19 долари.

Би-Би-Си дознава дека раководителите на енергетските компании, се сретнале со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа во вторникот. Темата на дискусија била како да се ублажи влијанието на конфликтот врз американските потрошувачи.

Трговците со нафта очигледно го протолкувале состанокот како знак дека блокадата на Ормутскиот теснец, клучен за глобалното снабдување, ќе трае. Според функционер на Белата куќа, на состанокот се разговарало за домашното производство на енергија, напредокот во Венецуела, фјучерсите за нафта, природниот гас и превозот. Средбата била опишана како дел од редовните состаноци на претседателот со раководителите на енергетскиот сектор.

Веста доаѓа по извештаите во Волстрит џурнал дека американскиот претседател Доналд Трамп им наредил на своите помошници да се подготват за продолжување на сегашната блокада на иранските пристаништа, во обид да се изврши дополнителен притисок врз економијата на земјата.

Цените на нафтата остро осцилираат од почетокот на војната, а клучниот Ормутски теснец е практично затворен со недели поради конфликтот.

Иран строго го ограничи превозот низ теснецот, кој пренесува околу една петтина од светската нафта и течен природен гас, како одговор на нападите на САД и Израел што започнаа на 28 февруари.

Најнови вести од: Свет

Зеленски: „Деновите на безбедност на руското небо се завршени“

Ги предупреди меѓународните авиокомпании и осигурителите компании дека интензивирањето на нападите со украински дронови ќе го направи рускиот воздушен простор сè поопасен и би можело ефикасно да доведе до негово затворање

За три дена Џорџија Мелони ќе стане „најдолговечниот премиер“ во историјата на Италија

Во земја некогаш синоним за политичка нестабилност, првата жена премиер ќе ја води истата италијанска влада 1.413 дена, еден ден подолго отколку што Силвио Берлускони успеа во текот на неговите четири мандати

Најнови вести

To top