Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја потврди својата подготвеност за воспоставување прекин на огнот за време на велигденските празници, објави УНИАН.
„Украина постојано изјавуваше дека сме подготвени да преземеме реципрочни чекори. Предложивме прекин на огнот за време на велигденските празници оваа година и ќе дејствуваме соодветно“, напиша тој на својот Телеграм канал.
Шефот на државата нагласи дека на луѓето им е потребен Велигден без закани и вистински напредок кон мирот.
Дополнително, додаде Зеленски, Русија има шанса да избегне продолжување на нападите по Велигден.
„Претпоставуваме дека украинската страна ќе го следи примерот на Руската Федерација“, соопшти Кремљ.
Со одлука на рускиот претседател и врховен командант на руските вооружени сили, Владимир Путин, е прогласено прекин на огнот од 16:00 часот на 11 април до доцните попладневни часови на 12 април во врска со претстојниот православен празник Велигден.
„На рускиот министер за одбрана Андреј Белоусов и началникот на Генералштабот на руските вооружени сили – командант на Обединетата група сили, генерал на армијата Валериј Герасимов, им е наредено да ги прекинат непријателствата во сите правци во овој период. Војниците се подготвени да се спротивстават на сите можни провокации од страна на непријателот, како и на сите агресивни дејствија“, се вели во соопштението.
„Претпоставуваме дека украинската страна ќе го следи примерот на Руската Федерација“, додаде Кремљ.