Свет

Ужас на хокеарски натпревар: Убиецот, кој се идентификувал како жена, со пиштол ги ликвидирал поранешната сопруга и децата (Видео)

Три лица загинаа, а тројца се тешко ранети во пукање за време на младински хокеарски натпревар меѓу средни училишта во Потакет, Род Ајленд. Меѓу жртвите е и напаѓачот кој ја убил поранешната сопруга и детето, кој потоа извршил самоубиство. Според полициски извори, убиецот, за кој се смета дека е и татко на еден од играчите на натпреварот, е 56-годишниот Роберт Дорган, кој се претставувал под името Роберта и наводно се идентификувал како жена.

Според извештаите во САД, нападот се чини дека е инцидент на семејно насилство, при што Дорган ги имал како цел членовите на сопственото семејство. На интернет беа споделени ужасни снимки од хокеари кои очајно се обидуваат да избегаат од лизгалиштето. Шефицата на полицијата на Потакет Тина Гонкалвес им изјави на новинарите дека пукањето се чини дека е резултат на семеен спор.

„Четири члена на семејството се застрелани, вклучувајќи едно мало девојче, како и еден семеен пријател пред напаѓачот да го насочи пиштолот кон себе, Го идентификувавме осомничениот, Роберт Дорган. Се претставува под името Роберта и го користи презимето Еспозито.“ – соопшти полицијата.

Се верува дека убиецот е родител на еден од хокеарите. Осомничениот отворил оган врз сопругата и нивните три деца пред да го насочи пиштолот кон себе. Едно младо девојче починало на лице место, додека друго починало во болница подоцна во понеделник. Маж кој бил присутен на местото на нападот го одзел пиштолот од раката на напаѓачот, но убиецот брзо извадил друго оружје и продолжил со пукање. Само една ноќ пред масакрот, тој на антитранс објава на социјалните мрежи одговорил: „Продолжете да нè напаѓате. Но, не прашувајте се зошто полудуваме“.

Видео

Најнови вести од: Свет

Зеленски: Со посредство на САД, војната може да заврши до идното лето

Меѓу идеите се прекин на огнот и претходно дискутираниот предлог на САД за создавање слободна економска зона во Донбас, која би била управувана од трета страна, изјави украинскиот претседател

Говедското месо во оваа земја поскапе за 150%, слабее и валутата

Иран се закани со одмазда против секоја земја што ќе се приклучи кон новата американска кампања за економски притисок врз Техеран, додека Вашингтон најавува потег што американскиот министер за финансии, Скот Бесент, го опишува како „најголема финансиска офанзива некогаш покрената против некој противник“.

To top