Свет

Венецуела: Колонијалистичка закана е објавата на Трамп за затворање на воздушниот простор

Венецуелската Влада ги оцени коментарите на Трамп како „екстравагантна, нелегална и неоправдана агресија“ против суверенитетот на Венецуела

Колонијалистичка закана против суверенитетот на земјата – вака Владата на Венецуела ја оцени изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп кој кажа дека воздушниот простор над и околу земјата треба да се смета за целосно затворен. Според венецуелските власти, најавите на САД се некомпатибилни со меѓународното право.

Во соопштение од министерот за надворешни работи Иван Гил Пинто, венецуелската Влада ги оцени коментарите на Трамп како „екстравагантна, нелегална и неоправдана агресија“ против суверенитетот на Венецуела.

Вчера Трамп на социјалната мрежа Трут соушл објави дека воздушниот простор над Венецуела ќе се смета за затворен.

„До сите авиокомпании, пилоти, трговци со дрога и луѓе, ве молиме, сметајте го воздушниот простор над и околу Венецуела за целосно затворен“, објави Трамп.

Тој не понуди никакви дополнителни детали во својата објава, што предизвика неизвесност во Каракас со оглед на засилениот притисок од Вашингтон врз претседателот Николас Мадуро во последните недели.

Објавата на Трамп, како што пренесуваат светските медиуми, ја изненади дури и самата американска администрација. Службениците контактирани од Ројтерс изјавиле дека не се свесни за никакви воени операции за затворање на венецуелскиот воздушен простор. Дополнително појаснување немаше ниту од Пентагон, ниту од Белата куќа.

 

 

 

 

Најнови вести од: Свет

Цената на нафтата падна по сигналите од Иран за можни нови преговори со САД

Ормутскиот Теснец е една од најважните светски рути за транспорт на енергенси. Пред избувнувањето на конфликтот низ него се транспортираа околу 20 проценти од глобалните резерви на нафта, поради што секое нарушување на сообраќајот предизвикува стравувања од недостиг и раст на цените.

To top