Свет

Венецуела бара помош од Русија

Американската војска го зголеми своето присуство во Карипското Море и во близина на Венецуела во последните месец – за Трамп тоа дел од борбата против нарко-картелите

Русија е подготвена да одговори на барањата на Венецуела за помош, но во исто време апелира да се избегне каква било ескалација на тензиите во регионот, изјави денес портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Изјавата доаѓа откако венецуелскиот претседател Николас Мадуро апелираше до Москва за воена поддршка. Неговото барање вклучува поправки на борбените авиони „Сухој“ од руско производство, надградба на радарските системи и испорака на ракетни системи.

Каракас го оправдува потегот како одговор на растечките закани од Вашингтон, за кој вели дека значително го зголемил своето воено присуство во Карибите во последните месеци.

Американската војска го зголеми своето присуство во Карипското Море и во близина на Венецуела во последните месеци. Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го нарекува тоа дел од борбата против нарко-картелите, но Каракас го гледа потегот како директна закана.

Пентагон распореди разорувачи, подморници и борбени авиони Ф-35 во областа околу Порторико и јужните Кариби, што го прави регионот една од клучните точки на тензии меѓу Вашингтон и сојузниците на Русија.

Во исто време, Венецуела сè поотворено ги зајакнува своите односи со Москва.

Во последните недели беа потпишани нови договори за воена и енергетска соработка, а руските претставници редовно ја нагласуваат својата подготвеност да „го поддржат пријателскиот народ на Венецуела“.

Ваквите случувања дополнително ги зголемуваат тензиите во регионот, во време кога Каракас сè повеќе се повикува на „агресивна политика на САД“ и бара поголема поддршка од своите сојузници, првенствено од Русија.

Најнови вести од: Свет

Нафтата повторно поминува низ Ормуската теснина, сообраќајот се врати на 70% од предвоеното ниво

Сообраќајот на нафта низ Ормускиот теснец значително се опорави и моментално е помеѓу 65 и 70 проценти од нивото пред почетокот на војната со Иран, според аналитичката фирма „Вортекса“.

Унгарскиот парламент му го укина имунитетот на премиерот Петер Маѓар

Истрага за телефон фрлен во Дунав, сомневања за корупција и политички обвинувања – унгарскиот парламент отвори пат за продолжување на три одделни случаи, но конечниот збор за евентуалната одговорност допрва треба да го дадат надлежните институции

Парлaментот му го укина имунитетот на премиерот Петер Маѓар

Парламентарниот имунитет служи за заштита на пратениците од политички прогон, овозможувајќи им слободно да ги извршуваат своите должности и да ги изразуваат своите ставови без страв од апсење или правни постапки од страна на властите

To top