Свет

Во Турција и снег и температури до +40 степени

Снежната покривка во североисточна Турција доаѓа додека пожарникарите се борат со серија пожари и пеколни температури во западната покраина Измир

Делови од Турција беа зафатени снежни врнежи вчера додека остатокот од земјата беше преплавен од летната жега, а пожарникарите се бореа со шумски пожари, објави Њуз.бг повикувајќи се на АФП.

Температурите се намалија во неколку планински области во внатрешноста од Ризе, град на североисточниот брег на Црното Море во Турција, на околу 120 км (75 милји) од границата со Грузија.

Генџага Карафазлиоглу, локален новинар од Ризе, рече дека регионот, познат по своето бујно зеленило и обилни дождови, е навикнат на необичното време, но рече дека никогаш порано не видел снег во јули.

„Врне снег околу четири или пет часа. Имам 65 години, живеам во Ризе поголемиот дел од мојот живот и ова е прв пат да видам снег во јули“, изјави Карафазлиоглу за АФП.

Снежната покривка во североисточна Турција доаѓа додека пожарникарите се борат со серија пожари во западната покраина Измир, каде што се предвидува дека температурите ќе достигнат 40 степени Целзиусови во наредните денови.

Експертите велат дека климатските промени предизвикани од човекот доведуваат до почести и поинтензивни екстремни временски аномалии, од суши до топлотни бранови и врнеши од град.

Најнови вести од: Свет

Кој ќе биде „газда“ на Гренланд?

Се очекува, Трамп да потпише договор чија цел е зголемување на военото присуство на САД на Гренланд и ограничување на присуството на геополитичките противници. Претставнициуте на Данска и на Гренланд се надеваат дека договорот ќе стави крај на претходните изјави на Трамп во кои тој сугерираше дека би можел да го преземе Гренланд со сила

(Видео): Отишол на училиште со ловџиска пушка и пукал – во Турција има ранети, напаѓачот е приведен

На социјалните мрежи се појавија првите видео снимки од напаѓачот кој со ловџиска пушка отвори оган во училиштето „Инчи Узмез“ во Маниса, на западот од Турција. Во инцидентот, според непотврдени информации, се повредени најмалку осум ученици, од кои еден е во критична состојба.

To top